Почнува Светско првенство во ракомет, Македонија со полетна генерација тргнува во поход на успех

Од денес па до 29-ти јануари во Полска и Шведска ќе се одржи 28-мо Светско ракометно првенство. Во 9 града домаќини ќе учествуваат 32 репрезентации од 5 конфедерации, меѓу нив и нашата Македонија. Преноси на Македонската Радио Телевизија (МРТВ).

Светското првенство 2023 ќе се игра во градовите: Краков, Гдањск, Катовице, Плок, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад.

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Група Ф која важи за една од најсилните на Мундијалот. Покрај момците на Кире Лазаров, во групата се уште и Норвешка, Аргентина и Холандија.

Црвено-жолтите отвораат со апсолутниот фаворит Норвешка на 13-ти јануари од 20:30 часот во полски Краков каде ќе игра и група А (Шпанија, Црна Гора, Чиле и Иран). Прекрасната „Таурон Арена“ во Краков има капацитет од 22.000 места, а многу македонски навивачи веќе резервираа карти и планираат пат да ги бодрат ракометарите.

По смената на генерација, Македонија со млад и полетен состав ќе се обиде да ги повтори некогашните успеси од претходните Светски собири.

Од поискусните на списокот на селекторот Лазаров се Жарко Пешевски, Никола Маркоски, ровитите Никола Митревски и Филип Талески, заедно со Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски кои веќе имаат искуство од играње на големи натпреварувања. Овие поискусни ракометари ќе ги поведат помладите Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Игор Ѓорѓиев, Јагуриновски, Мартин Серафимов, Атанасијевиќ...

ПОВТОРНО ПРОТОКОЛИ, ИГРАЧИТЕ И СЕЛЕКТОРИТЕ ЛУТИ

Меѓународната ракометна организација ИХФ и натаму не отстапува од чудните и неосновани протоколи кои буквално го расипаа претходното Светско првенство.

ИХФ донел одлука сите учесници на турнирот заедно со судиите, делегатите и новинарите да бидат вакцинирани со две дози (односно со три ако поминале повеќе од 270 дена од втората доза) или да приложат доказ дека се опоравиле после 2. август 2022-ра година. Сите играчи и членови на стручен штаб ќе мора да се тестираат пред почетокот на Светското првенство, на почетокот на втората фаза и пред четвртфиналето.

Во случај некој да биде позитивен, ќе му одредат петдневен карантин а за да се врати во селекцијата ќе мора да има негативен тест.

„Играме Мундијал дома и не можеме да се однесуваме како да сме во Шведска. Знам дека нема никаква врска со шведската организација туку со ИХФ, но не сфаќам зошто го прифативме тоа. Времето на к орона помина и никој веќе не се плаши од неа, туку сега од позитивен тест поради кој би го пропуштил Светското првенство“, луто и резигнирано изјавил помошниот селектор на Шведска, Михаел Апелгрен.

КОИ СЕ ОТСУТНИ РАКОМЕТАРИ, КОИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ СЕ ФАВОРИТИ?

Кадровски проблеми имаат сите селекции на Светското. Нашиот селектор пред поаѓање за Полска изјави дека голманот Никола Митревски и бекот Филип Талески се уште се ровити и дека се надева дека ќе се опорават за првиот меч со Норвешка.

Од фаворитите, Франција ќе биде без неколку важни ракометари меѓу кои и двајцата олимписки шампиони левиот бек Тимотеј Енгесан и левото крило Уго Дескат, како и без Килиан Вилемин, Карл Конан и Беноа Конку.

Во состав на триколорите 9-ти пат на Светски првенства ќе биде и легендарниот Никола Карабатиќ (рекордот од 11 учества на Мундијали уште го држи некогашниот пивот на Аргентина Гонзало Кару).

Најголем удар можеби доживеа светскиот шампион кој два пати по ред (2019 и 2021) стигна до трофејот и ќе се обиде да стане прва селекција во историјата која освоила три светски злата во низа. Данска сепак на 24 часа пред почетокот на Мундијалот останува без сјајниот Мадс Менсах Ларсен кој имал позитивен тест и ќе мора да биде во хотелски карантин.

Шпанците ќе бидат без одличните крила Алеикс Гомез и Аитор Арињо од Барселона кои се исто повредени.

Домаќинот Полска која има голема надеж во својот тим и се надева на изненадување уште на отворањето со Франција (среда од 21:00), ќе игра без својот можеби најдобар играч Камил Шипжак кој поради повреда ќе го пропушти и второто Светско првенство откако се повредил на последниот дуел за ПСЖ во Лига на шампиони.

Хрватска, која одигра бледо Европско и Светско првенство како и квалификации за Олимписки Игри, одново ќе биде во мешан состав. Ќе ги нема повредените Халил Јагањац, Марко Мамиќ кои се леви бекови, како и на средишните бекови Тин Лучин и Домагој Павловиќ и одличните Пешиќ, Мандиќ, Чупиќ, Мариќ, Матановиќ, Шоштариќ.

Исланд ќе биде без помошта на Хаукур Трастарсон, Бразил без Ханиел Лангаро, Унгарија без Доминик Матео, Шведска без Карл Валнијус.

Специјализираните ракометни портали за најголеми фаворити, основано ги сметаат Данска, Франција, Шведска и Шпанија. Веднаш зад нив во борба за тронот би требало да се впуштат и Норвешка, Исланд, Германија, Хрватска. Од сенка на успех се надеваат Србија, Португалија, Египет и Словенија кои се во втората половина во групата фаворити.

Првите Топ8 селекции на крајот од Светското ќе се изборат за квалификации за Олимписки Игри 2024 во Париз.

ТЕРМИНИ, ДАТУМИ, РАСПОРЕДИ

Група А (Краков)

Распоред:

1. коло, 12 јануари:

18.00 ЧИЛЕ - ИРАН
20.30 ШПАНИЈА - ЦРНА ГОРА

2. коло, 14 јануари:

18.00 ЦРНА ГОРА - ИРАН
20.30 ШПАНИЈА - ЧИЛЕ

3. коло, 16 јануари:

18.00 ЦРНА ГОРА - ЧИЛЕ
20.30 ИРАН - ШПАНИЈА

Група Б (Катовице)

1. коло, 11. јануари

21.00 ФРАНЦИЈА - ПОЛСКА

1. коло, 12 јануари

18.00 САУДИСКА АРАБИЈА  - СЛОВЕНИЈА

2. коло, 14 јануари

18.00 ФРАНЦИЈА - САУДИСКА АРАБИЈА
21.00 ПОЛСКА - СЛОВЕНИЈА

3. коло, 16 јануари

18.00 СЛОВЕНИЈА - ФРАНЦИЈА
20.30 ПОЛСКА - САУДИСКА АРАБИЈА

Група Ц (Гетеборг)

1. коло, 12 јануари

18.00 ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ - УРУГВАЈ
20.30 ШВЕДСКА - БРАЗИЛ

2. коло, 14 јануари

18.00 БРАЗИЛ - УРУГВАЈ
20.30 ШВЕДСКА - ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

3. коло, 16 јануари

18.00 БРАЗИЛ - ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
20.30 ШВЕДСКА - УРУГВАЈ

Група Д (Кристианштад)

1. коло, 12 јануари

18.00 УНГАРИЈА - ЈУЖНА КОРЕЈА
20.30 ИСЛАНД - ПОРТУГАЛИЈА

2. коло, 14 јануари

18.00 ПОРТУГАЛИЈА - ЈУЖНА КОРЕЈА
20.30 УНГАРИЈА - ИСЛАНД

3. коло, 16 јануари

18:00 ЈУЖНА КОРЕЈА - ИСЛАНД
20:30 ПОРТУГАЛИЈА - УНГАРИЈА

Група Е (Катовице)

1. коло, 13 јануари

18.00 ГЕРМАНИЈА - КАТАР
20.30 СРБИЈА - АЛЖИР

2. коло, 15 јануари

18.00 ГЕРМАНИЈА - СРБИЈА
20.30 АЛЖИР - КАТАР

3. коло, 17 јануари

18.00 АЛЖИР - ГЕРМАНИЈА
20.30 КАТАР - СРБИЈА

Група Ф (Краков)

1. коло, 13 јануари

18.00 АРГЕНТИНА - ХОЛАНДИЈА
20.30 НОРВЕШКА - МАКЕДОНИЈА

2. коло, 15 јануари

18.00 МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА
20.30 НОРВЕШКА - АРГЕНТИНА

3. коло, 17 јануари

18.00 МАКЕДОНИЈА - АРГЕНТИНА
20.30 ХОЛАНДИЈА - НОРВЕШКА

Група Г (Јенчепинг)

1. коло, 13 јануари

18.00 МАРОКО - САД
20.30 ХРВАТСКА - ЕГИПЕТ

2. коло, 15 јануари

18.00 ЕГИПЕТ - МАРОКО
20.30 ХРВАТСКА - САД

3. коло, 17 јануари

18.00 ЕГИПЕТ - САД
20.30 ХРВАТСКА - МАРОКО

Група Х (Малме)

1. коло, 13 јануари

18.00 БАХРЕИН - ТУНИС
20.30 ДАНСКА - БЕЛГИЈА

2. коло, 15 јануари

18.00 БЕЛГИЈА - ТУНИС
20.30 ДАНСКА - БЕЛГИЈА

3. коло, 17 јануари

18.00 БЕЛГИЈА - БАХРЕИН
20.30 ТУНИС - ДАНСКА

Фото: Македонска ракометна федерација

11 јануари 2023 - 11:35