Во НБА се спрема најпосетен натпревар во историјата

Сан Антонио Спарс, некогашниот хегемон во НБА, соопшти дека досега продал 63.592 карти за натпреварот со кој ќе се вратат во стариот култен дом - салата „Аламодом“. Дуелот кој ќе се игра на јубилејниот 50. роденден на Спарс, е закажан ноќта меѓу петок 13-ти и сабота 14-ти јануари против Голден Стејт Вориорс.

Натпреварот меѓу Сан Антонио Спарс и актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс ќе биде интересен од секој аспект, освен парадоксално не од резултатски зошто Спарси се при самото дно во конференцијата и без никакви шанси за плејоф ниту бараж за плејоф.

Но затоа „црно-белите“ ќе испишат нов рекорд во НБА лигата, со најпосетен натпревар на еден домаќин. Тимот од Тексас соопшти дека досега продал 63.592 влезници и ако се придодадат и картите за спонзори и оние кои се резервирани за клубот односно за играчите и нивните најблиски, ќе се стигне до бројка од 68.000 гледачи на трибините со што ќе се урне еден 25 години стар рекорд.

На 27 март 1998-ма година во Атланта, во Џорџа Дом, Хокси го пречекале Чикаго Булс на Мајкл Џордан (за последен пат со дресот на „биковите“ во овој град), пред неверојатно 62.046 гледачи!

Ако се исклучат Ол-Стар натпреварите (во Тексас, Далас на рагби/фудбалски стадион имаше преку 100.000 гледачи на шоуто), ова во Тексас ќе биде рекорд.

Интересно, првиот НБА меч во салата Аламодом бил исто меѓу Сан Антонио Спарс и Голден Стејт Вориорс на 5. ноември 1993-та година.

Само четврти пат во историјата на НБА еден меч од регуларниот дел ќе го гледаат повеќе од 50.000 гледачи. Досегашниот рекорд во култната „Аламодом“ се 39.554 продадени карти за големото НБА финале меѓу Спарс и Њујорк Никс во 1999-та.

12 јануари 2023 - 11:17