Handball-Planet.com го состави конечното рангирање на 32-те земји учеснички на Светското првенство во Шведска и Полска кое се игра од 11 до 29 јануари.
Според нивната прогноза, Данска трет пат по ред ќе го зграпчи златото, среброто ќе го освои Франција, а бронзата ќе оди кај Шведска.
Понатаму, четвртата селекција која ќе стигне до полуфинале ќе биде Шпанија, а Исланд, Хрватска и Германија ќе бидат репрезентациите кои ќе се пласираат на олимпискиот квалификациски турнир.
Блиску до четвртфиналните битки ќе бидат Египет, Србија, Португалија и Словенија.
На Македонија која инаку на СП 2009 заврши 11-та, а шест години подоцна во Катар стигна до најдобриот пласман како 9-та во свет и ја предвидуваат позицијата број 25 и утешниот „Президентс куп“ во кој продолжуваат сите елиминирани селекции од првата фаза.
Да се надеваме дека ќе излезат како многу лоши пргнозери, барем што се однесува на тимот на Кире.
1. Данска
2. Франција
3. Шведска
4. Шпанија
5. Исланд
6. Хрватска
7. Норвешка
8. Германија
9. Египет
10. Србија
11. Португалија
12. Словенија
13. Унгарија
14. Бахреин
15. Полска
16. Аргентина
17. Црна Гора
18. Холандија
19. Бразил
20. Тунис
21. Катар
22. Иран
23. Зеленортски Острови
24. Мароко
25. Македонија
26. Белгија
27. Алжир
28. Јужна Кореа
29. Саудиска Арабија
30. Чиле
31. САД
32. Уругвај