САД имаат нов идол

Додека НБА се спрема за новото чудо Виктор Вембанјама кој на 19 години е висок 2.19 и доминира во француската лига со тимот на Метрополитанс 92, во САД фокусот е и на уште еден чудесен кошаркар.

Конор Вилијамс е сензација во универзитетската кошарка во САД. Бројот 5 на универзитетот Ст. Џон Фишер во трета дивизија е висок 2,13 а тежок 163 килограми. Досега во историјата на американската кошарка немало таков феномен.

Во својата прва година во универзитетска кошарка, Конор Вилијамс веќе стекнал имиџ со неверојатни потези. Big Cozy како што го викаат, во 2022-ра напредува уште повеќе.

11 јануари 2023 - 15:22