Монументално голчиште во Португалија

Во морето фудбалски натпревари ширум Европа каде среде недела се играат домашни Купови, Брага и Виторија во Португалија одиграа спектакуларен дуел. Гостите водеа 0-2 до 80-та минута кога почна рапсодијата на домашните. Во рок од пет минути им дадоа три гола од кои оној за израмнување на Витиња беше лудачки.

Брага се пласираше во четвртфиналето на Купот со победа од 3:2 иако до 80-та минута губеа 0-2. Во првенство Брага после 15 меча има 34 бода и е втора зад лидерот Бенфика која има 40 освоени бодови. Порто е трет со 33, Спортинг четврти со 28.

12 јануари 2023 - 10:22