Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Чуамени ја испука јако од 25 метри

Франција бележи перфектен старт во Б групата од квалификациите за ЕП 2024. Ја совладаа Република Ирска со 2:0 за 5 од 5 и гол разлика 11:0. Орелијен Чуамени го има досега најубавиот гол во овој репрезентативен циклус.

Мајсторски слободен удар на Меси за Аргентина, голманот не мрдна

Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во квалификациите за СП 2026. Ново шоу на Меси кој израмни рекорд на Луис Суарез.

Елмас раскажува кога прв пат му тропнал во соба на цимерот Алиоски

Откако зборуваше за тоа какво е чувството на 17 години да се носиш со Иниеста, Бускетс, Иско, Давид Силва и другите големи ѕвезди на Шпанија, Елиф Елмас открива пикантерии и од денот кога му се приклучил на националниот тим во хотел пред дебито. Најмногу го зафркавале Џани и Нестор, а тој бил многу самоуверен и покрај името на противникот.

Лучано Спалети, тајната приказна на еден гениј

Во вториот дел од приказната за Спалети ќе прочитате за успесите и проблемите во Зенит, неуспешниот кам бек во Рома, шпанската серија со Икарди и жена му, релаксирањето на село каде добил прво повик од Малдини, па од Де Лаурентис.

На 9-ти во сабота два дуели со Италија, одбојка и фудбал

Македонските одбојкари во сабота од 18:00 ќе се судрат со најголемиот фаворит за злато, актуелниот европски и олимписки првак Италија, на нивен терен во Бари. Два часа и четириесет минути подоцна вечерта во Скопје фудбал ќе играат Македонија и Италија.

Како изгледа „Градски“ на 2 дена пред Италија?

Најголемите ѕвезди на италијанскиот фудбал и нашите Енис Барди, Елиф Елмас, Столе Димитриевски и другите во сабота од 20:45 ќе играат на тревник каков што има само во селски фудбал. Што се случи летово до толку да не можеа да го одржат тревникот надлежните.

Јорданскиот Меси

Во квалификациите за Азискиот Куп за играчи до 23 години, Јордан со 9-0 го победил Брунеи У23. Еден од головите бил во стилот на Лео. Стрелец 20-годишниот Амин Ал-Шанаинех.

Знаете ли како се изведуваат слободни фрлања во Кореа?

Во кошаркарското првенство на Јужна Кореја играчите редовно изведуваат слободни фрлања од табла. Некој би рекол дека е ретро потег, ама кај нив проаѓа и те како. 

Има ли јунак што може против овој форхенд на Алкараз?

Карлос Алкараз го збриша Александар Зверев со 3:0 (6:3, 6:2, 6:4) и закажа полуфинале на УС Опен против Медведев. Шпанецот е во топ форма, ќе се уверите и од видеата. Почнуваме со страшниот форхенд, а потоа и сите останати поени задолжителни за гледање.

Од каде го извади овој топовски удар детево?

Лаос У-23 против Австралија У-23. Некој од децава има вечерано со Роберто Карлос. Па ова не е нормално и нема никаква логика да се бара од било кој голман да го одбрани ударов.

Легендата Рамос одби милиони од Саудиска Арабија и плачеше на дочекот во Севиља

Легендарниот шпански стопер кој се прослави со Реал Мадрид после цели 18 години се врати во својот роден клуб Севиља. Го совладаа емоциите.

Атракцијата на Косуке Јасухира на финалето Вардар - Пелистер

Ракометарите на Вардар како освојувачки на Купот, го освоија и Супер Купот на Македонија откако во финалето во Струмица го совладаа шампионот Пелистер со 30:26. На нешто повеќе од 3 минути до крајот, првиот Јапонец во мак ракометот, ја крена на нозе салата Парк.

Пеколни услови за игра на УС Опен, Медведев: „Еден играч ќе умре па ќе видите“

Во дербито на вечерта меѓу руските кумови Данил Медведев и Андреј Рубљов, победи подобро пласираниот Медо со 3:0 по сетови 6:4, 6:3 и 6:4. Но мечот остана во сенка на реакциите на двата тенисери на влагата и големата горештина во Њујорк.

Елмас: Кога ги видов Шпанците пред дебито ми се насолзија очите, до тогаш играв само на Плејстејшн

На 11 јуни 2017-та на Градски во Скопје, на Елиф Елмас ми се исполнил сонот да заигра за А тимот на македонската репрезентација. За противник го имал поранешниот светски и европски првак. Машки им одигра на Иниеста и другарите.

АСОМ: Со кампањата „Играј одговорно“ ги имплементираме нашите заложби за безбедно спортско обложување

Со цел обезбедување на континуирана едукација и подигнување на свесноста за важноста на одговорното спортско обложување, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) продолжува со имплементација на кампањата „Играј одговорно“.

Канада посилна од Словенија, Дончиќ исклучен, пцуеше судии

И покрај тоа што уфрлија 15 тројки, Словенците денес повеќе се расправаа со судиите отколку што мислеа на противникот. Лука Дончиќ крајно нервозен цел меч поради бројни спорни судиски одлуки. На крајот Канада водена од неверојатниот Шај Гилџес-Александер оди во полуфинале.

Лучано Спалети, тајната приказна на еден гениј

Приказна која започнува на мотор со отворена кошула и коса на ветрот, а завршува во Неапол на врвот на Италија. За човекот кој го тренираше Елмас, а кој во сабота ќе има задача да го сопре на Градски е кажано сè: гениј, луд, романтичен, ироничен, суров, сладок, едноставен, неубедлив, недостижен. Кој е всушност Лучано Спалети?

Познато со кого може да игра Македонија во осминафинале

Македонските одбојкари вечерва од 20:00 часот го играат последниот меч од групна фаза во Скопје. Противник е Чешка Република. Црвено-жолтите имаат учинок 2-2 а со Чесите може да се игра.

Германија е нов поуфиналист, Шрудер шутираше 4/26

По негативниот учинок на Богдан Богдановиќ со Италија во групна фаза (1/13 за три), сега го надмина Денис Шрудер кој постави негативен рекорд 4/24. Германците имаа водство во текот на цела четврта четвртина но за малку поради очајниот Шрудер Летонија ќе се избореше за продолженија.

Како во Холандија се средува стадион за и после концерт?

Додека во земјава единствениот нормален стадион не можат да го одржат како треба и мака мачат со тревникот, на најубавиот холандски стадион „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам во 24 часа сè било организирано за концертот на U2. Имало 120.000 посетители. После само неколку часа стадионот и тревникот на стадионот на Ајакс се вратени како ништо да не било.

Што мисли Пикси за трансферите на Митровиќ и Милинковиќ во Саудиска Арабија?

Нема што да мисли, си кажа искрено човекот како би постапил ако денеска е активен фудбалер. На пример Сергеј во Лацио имаше годишна плата од 4 милиони евра, а Ал Хилал му понуди 30 милиони по сезона.

Ако некој не знае како со тревата на стадион, нека се јави во Мадрид

Реал Мадрид го спрема новиот изглед на Сантијаго Бернабеу за кој ќе потроши преку 500 милиони евра. Има ли некој стручњак да го објасни ова чудо?

Два нови светски рекорди поставени на Европското во Скопје

Само неколку дена по светскиот рекорд за најсилен и најбрз сервис на неверојатниот холандски репрезентативец Нимир Абдел-Азиз, синоќа на мечот Полска - Данска (3:0), сјајниот Вилфредо Леон постави нов. Сервираше со 138 км/ч што е незабележано во светската и европска одбојка.

Мангупски аутфит на Столе Димитриевски пред мечот со Италија

Голманот на Македонија се појави во дрес на рекордерот по број на настапи за Италија (176) и Серија А (657). Човекот со 28 годишна кариера, 10 Скудета, како и светски шампион. Овој пат легендарниот Џиџи Буфон ќе дојде во Скопје како нов тим менаџер на репрезентацијата предводена од Спалети.