Копа Либертадорес е најпрестижен турнир во цела Јужна Америка. Исто како Лига на шампиони за Европа.
Сите дуели на овој континент се мега фешта, но посебна приказна се пресметките меѓу бразилските и аргентинските клубови кои носат посебна драж, но и посебен безбедносен ризик.
Дополнителен проблем за службите е што овој викенд во Рио е закажан и концерт на популарниот рок бенд Ред Хот Чили Пеперс.
За аргентинските навивачи е познато дека би отишле да го гледаат својот тим и на Марс, а не во Бразил. И покрај апелите од властите на двете земји навивачите да се воздржуваат од групни собири и да прават метеж, тоа е просто неизбежно.
Во последните неколку дена во Рио де Жанеиро каде големо финале ќе играат Бока и Флуминенсе кои ќе се борат за пехарот, пристигнале речиси сто илјади навивачи на Бока.
Тоа бил дополнителен повод на и онака не баш сигурните улици во Рио да излезе војската. Навивачите на Флуминенсе искористиле прилика да се пресметаат со гостите од Буенос Аирес, а во повеќе поединечни случаеви неколку навивачи на Бока биле ограбени од локални џепароши.
Навивачите на Бока се собрале на Копакабана:
За време на забавата на култната плажа Копакабана каде илјадници навивачи на Бока пееле навивачки песни, влетале навивачи на Флуминенсе со цел да се пресметаат но набрзо реагирала полицијата и спречила посериозни инциденти.
Más videos de la emboscada de los hinchas de Fluminense a los de Boca en Copacabana. Cortesía de @TNTSportsAR pic.twitter.com/5qN50nx612
— VarskySports (@VarskySports) November 2, 2023
Graves incidentes en Río de Janeiro en la previa de la final de la Libertadores: durante la tarde y la noche de ayer, hinchas de Fluminense emboscaron a los de Boca y la policía reprimió a los argentinos | https://t.co/KQabzUAlZD pic.twitter.com/J2rc5DUrnV
— Ámbito Financiero (@Ambitocom) November 3, 2023