Првиот пик на драфтот, Вембанјама го разби фаворитот за титула Феникс Санс

Во само два дена, Сан Антонио Спарс по втор пат му го зема скалпот на големиот фаворит за завршницата во НБА лигата, Феникс Санс. Во средата Спарс славеа 115-114, а синоќа убедливо победија 132-121.

Французинот кој на голема врата дојде во НБА и беше избран како прв пик на драфтот, синоќа ја одигра најдобрата партија од старт на сезоната.

Во триумфот 132:121 над Феникс Санс Виктор Вембанјама  имаше 38 поени, 10 скока и 2 асистенции, 2 блокади и една украдена топка за 34 минути на теренот.

 

 

Спарс во прво полувреме водеа дури и со 27 поени разлика, Феникс во вториот дел се врати на само поен разлика но на крај гостите од Сан Антонио заслужено ја однесоа победата и сега имаат 3 победи и 2 порази.

Феникс има 2 триумфи и 3 порази.

Покрај Вембанјама одлична партија пружи и Зек Колинс со 19 поени и 8 скока а Девин Васел додаде 17 поени. Кај Санс најефикасен беше повратникот Девин Букер со 31 поен, 13 асистенции и 9 скока. Кевин Дурент додаде 28 поени и шест скока.

Спарс следниот меч го играат против Торонто Репторс а Феникс ќе се сретне со Филаделфија.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore
3 ноември 2023 - 09:45