Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Луда фудбалска вечер во Лига на шампиони

Дваесет и три гола паднаа на осум меча вечерва ширум Европа на стартот на елитната Лига на шампиони. Барселона со 5-0 го торпедираше белгиски Антверпен, ПСЖ во дербито на вечерта го совлада Дортмунд а Манчестер Сити со 3-1 славеше против Црвена звезда. Јунак на вечерта е голманот на Лацио.

Шокантен гол на голман на Лацио во 95-та минута

Неверојатна фудбалска вечер во Рим. Лацио губеше од Атлетико Мадрид до последните секунди од мечот кога до вечерва малку познатиот голман Иван Проведел тргна храбро во последниот напад на домаќините и со глава постигна прекрасен гол за 1-1. Делириум на преполниот „Олимпико“.

Голот на Црвена звезда против Сити после лудата статистика

Секогаш кога ќе се спомене она коментаторското „непишано правило“ дека ако не се искористат шансите стигнува казна, овој меч ќе биде прва асоцијација. Манчестер Сити вечерва во првите 45 минути имаше дури 22 шута кон голот на Црвена звезда, најмногу откако се мери во Лига на шампиони, но гостите се одбранија и во 45' минута од контра го шокираа европскиот шампион.

Милан играше викторија со Њукасл, гостите спасија бод

Во првите два натпревари вечерва од 1. коло во Лига на шампиони, Милан и Њукасл одиграа без голови, а РБ Лајпциг убедливо го совлада Јанг Бојс на гости и освои три драгоцени бода.

Дете од Иран го изненади Роналдо

Ал Наср на Кристијано Роналдо вечерва игра во 1. коло од азиската Лига на шампиони против иранскиот Персополис од Техеран. Португалецот веќе два дена собира илјадници негови симпатизери каде и да оди клупскиот автобус, а најмногу во изненадило едно дете кое сакало да се слика со него.

Како швајцарскиот клуб дошол до името Јанг Бојс?

Во 1894-та година во Швајцарија се основал клуб Олд Бојс. Тој сега игра во регионалните лиги на оваа земја и познат е по тоа што Роџер Федерер едно време тренирал во тениската секција на клубот. Олд Бојс добил име од студенти кои веќе не можеле да играат во студентска лига па се нарекле „старите“.

Коментарот на Надал за рекордот на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ 24 Гренд слем титули, Надал 22, Федерер 20. Ниту едниот ниту другиот не му честиташе на Новак за неверојатниот подвиг. Шпанецот со малку неочекуван коментар за најновото достигнување на Ѓоковиќ.

Како Иџе ја прослави европската титула?

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски победи на 7 од вкупно 10 трки во Хрватска и со тоа стигна до нова, трета европска титула во ридско-брзински патеки. Првите две ги освои во 2014-та и 2015-та. За време на прославата направи потег со спуштена слушалка како Ѓоковиќ на УС Опен.

Почнува Лига на шампиони, од старт мега дуели ширум Европа

На средина од месец септември започнува најдобриот елитен фудбал во Европа, луксузната Лига на шампиони која за последен пат ќе игра во досега познатиот формат. Од следната сезона ќе се гледа сосема друг формат.

Пак ти глуми Мануел Ноер

На мечот меѓу Јагелонија и Радомиак од полската Екстракласа, во 11’ минута Бразилецот Педро Енрике од гостинскиот тим постигна прекрасен гол од пола терен. Виновник за голот беше домашниот голман Златан Аломеровиќ кој излегол на пикник. Среќа негова што на крај Јагелонија победила 3:2.

Њукасл после 20 години се враќа во Милано, тогаш во 2003-та играа како дома

Вечерва започнува новата сезона во елитната Лига на шампиони. На програмата вечерва и утре се неколку супер натпревари, а голем интерес предизвикува и мечот во Милано каде Милан ќе го пречека англиски Њукасл.

Навивачите на Њукасл уживаат на дождот во Милано на свој начин

Њукасл се враќа во Лига на шампиони после 20 години, а воедно кам бек на најелитната меѓународна сцена прават и нивните навивачи. Да им го видиме перформансот.

Мајсторија на Калум Хадсон Одои на дебито за Нотингем Форест

Нотингем Форест и Барнли го заокружија 5. коло од Премиер лига со 1:1, а потегот на мечот го имаше 22 годишниот Хадсон Одои, кој Нотингем Форест го доведе од Челси. Прекрасно изведено.

Што гол ќе беше ова бе мајсторе?

Запознајте го 27 годишниот Бразилец, Фернандо Медеирос, кој многу е можно да го видите меѓу кандидатите на ФИФА за гол на годината. Игра во Албанија за тимот на Егнатија, а ова ретко видено ремек дело го приреди на гостувањето против Партизани. Неверојатно изведено.

Простачки потег на Нејмар

Го натовија со годишна плата од 100 милиони евра, куќа со 25 спални и уште 300 благодети, за тој ваќа да им враќа, на најможеш сељачки начин. Каков недоквакан и неподнослив лик. Плус на толку ѕвезди, Ал Хилал се посрамоти и резултатски и едвај извади реми дома во Азиската ЛШ, против Навбахор од Узбекистан, со гол во 10-та минута од судиското продолжение.

Четвртолигашки фудбалски проблеми во Куманово

Во сандачето на Офсајд, понеделнички стигна изненадувачки мејл со соопштение од ФК Македонија Агино. Четвртолигаш кој постои 64 години и кој не може да најде заеднички јазик со фудбалските власти во Куманово. Се жалат на опструкции и нетранспарентност, како и за тоа дека избегнуваат состанок со клубовите за заеднички да се договорат за минимум услови што треба да задоволи еден терен.

Пеп Гвардиола за спортистите од поранешна Југославија

Најдобриот фудбалски тренер на денешницата, во пресрет на новата сезона од Лига на шампиони каде со неговиот Манчестер Сити ќе го бранат трофејот освоен во Истанбул, одржал прес-конференција. Во вторник вечер играат против Црвена звезда на „Етихад“.

Мурињо до новинар: Ти се извинувам јавно за глупоста што ја направив

И Жозе знае да се извини кога ќе погреши и тоа со новинар, кон кој призна дека бил непотребно дрзок откако се преслушал. Убав гест.

Сон се сликаше со навивачка, ама не смееше да и го допре Ајфонот

Да, до таму одат спонзорските договори. Ѕвездата на Тотенхем Сон Хјунг Мин летово стана амбасадор на Самсунг и ако тој слика, мора в раце да држи телефон само од корејската компанија. Да го видиме примерот.

Еден куп народ го пречекал Роналдо во Иран

Со почетокот на азиската Лига на шампиони, Ал Наср од Саудиска Арабија во прво коло му гостува на иранскиот клуб Персеполис. Само што слетал Кристијано Роналдо бил пречекан од стотици негови следбеници.

Големо изненадување на тренингот на Милан пред ЛШ

Милан има специјален гостин во пресрет на стартот на сезоната во Лига на шампиони. Им се појави Златан Ибрахимовиќ.

Некои се кладат дека ова е кош на сезоната

Во 1. коло од новата сезона во француската лига, Бурж убедливо со 30 пени разлика го совладал Ле Портел на гости 66-96. Најинтересен момент на мечот е кога гостинскиот кошаркар Аксел Жулиен додека истекува време за напад фрла таква фрљотка што никогаш не би влегла во кош.

Не е нормална интервенцијава на Рамос на дебито за Севиља

Севиља е клуб кој му е во срцето на Серхио Рамос, бидејќи таму се калеше како дете и таму ја почна кариерата. Се врати после 18 години и на првиот меч кој го одигра против Лас Палмас е најзаслужен што победија 1:0. Погледнете го ова чудо од одбрана на свои 37 години. Супермен.