Тоа e статистика произлезена од тим предводен од човек кој со својата филозофија на игра успеа да им го всади на играчите поимот „доминација“.
Тоа го прави уште од времето во Барселона и не за џабе стигна до фасцинантна бројка од 37 трофеи во 15 години тренерска кариера или 14 со Барселона, 7 со Баерн и 16 со Манчестер Сити.
Тој е единствен во историјата кој два пати ја своил тројната круна, најмлад тренер што освоил ЛШ на само 38 години и рекордер со најдолга победнична низа во Ла Лига, Бундеслига и Премиер лига.
Прочитајте го одлично срочениот Фејсбук статус на новинарот Игор Филевски, после спектакуларната битка која заврши 3:3.
„Тоа е таа негова Барса, од 55та до 70та минута, најексплицитно. Ја знаеме од времето на каталонското владеење со светскиот фудбал, само што сега се вика Манчестер Сити.
И секако дека е со многу подобрени перформанси и покрај тоа што како индивидуалци, Каталонците беа далеку подобри.
Пеп е многу пред сите.
Тој е ретко ингениозен ум кој егзистира во светскиот фудбал од историјата па до ден денес.
А подобрените и усовршени перформанси ги гледавме во првите три секунди по секоја освоена противничка топка, во зголемениот број пасови во третата линија, во брзото пренесување на играта од прва во втора фаза која веднаш ја трансформира во хоризонталното развлекување до преместување на топката во можна финализација или во повторената хоризонтална варијација на пас триаголните формации.
Има уште многу да се пишува за ноќва, но само го нафрлам она што е подобрено од неговата Барса која "ја гледавме вечерва".
Од Пеп можат сите да учат, а денес имаше исклучително податлива средина и околности во кои генерално тешко е да држиш час.
Но, тој и тука тоа го направи.
Лекција за секој фудбалски учебник во 2025 година“.
Спектакл на Реал и Сити, 10 гола на два меча во Лига на шампиони