Спектакл на Реал и Сити, 10 гола на два меча во Лига на шампиони

Првите натпревари од четвртфиналето на Лига на шампиони донесоа неверојатни моменти. Во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Реал и Манчестер Сити ремизираа 3:3 во меч во кој не се знаеше кој од кој е поубав гол. Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 а гол на „топџиите“ повторно им даде Хари Кејн кој беше исвиркан во северен Лондон зашто беше капитен на Тотенхем.

Лига на шампиони, четвртфинале први натпревари:

РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ 3:3 (2:1)
/Рубен Диаш а.г. 12', Родриго 14', Валверде 79' - Бернардо Силва 2', Фил Фоден 66', Гвардиол 71'/

АРСЕНАЛ - БАЕРН МИНХЕН 2:2 (1:1)
/Букајо Сака 12', Тросар 76' - Гнабри 18', Хари Кејн 32' пен./

9 април 2024 - 23:03