Кам бек на Перо Антиќ во Атланта, овој пат како гостин

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија е за сега првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата. Го носеше дресот на Атланта Хокс две сезони (2013-2015), а синоќа им беше во посета. Го следеше мечот Атланта - Мајами, а даде и интервју на кое водителот го испофали како еден од играчите кои ќе останат доживотен бренд на Атланта.

Се виде и со Богдан Богдановиќ со кого заедно ја славеа европската титула со Фенебахче во 2017-та, под водство на Жељко Обрадовиќ.

10 април 2024 - 15:45