Големиот Рони бил почесен гостин на мечот од 1/4 финале во Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Барселона. А како и не би кога својот дар од Бога од Бразил во Европа прво го покажа во Париз. Во дресот на Парижаните на 77 меча постигна 25 гола со 17 асистенции а после во 2003-та замина во Барселона за трансфер вреден 32 милиони евра. Кај Каталонците одигра 207 средби, даде 94 гола и имаше 70 асистенции.