Дончиќ си поигруваше со Шарлот и стаса со 2.341 поен сезонава, невидени во историјата на клубот

На три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, Далас Маверикс го обезбеди пласманот во плејофот. Поинаку и не се очекуваше со ваков Лука Дончиќ.

Веќе тешко се опфаќаат бројките на Јокиќ и Дончиќ, кои упорно демонстрираат моќ и доминација под кошевите во НБА.

Внимавајте добро на следниве три најтазе остварувања на Лука после синоќешниот меч против Шарлот, сите од оваа сезона:

- 21 трипл дабл учинок
- 50 натпревари со 30+ поени
- Рекордер во историјата на Далас со 2.341 поен во една сезона

Каде е границата на Словенецот, кој растура во НБА? Синоќа на менито му беше Шарлот кој не можеше да го сопре и постигна 39 поени, 12 скока, 10 асистенции и 8 тројки.

Податокот број 1 за кој на големо се зборува и кој влезе во книгите на НБА и Далас Маверикс е тоа што Дончиќ стигна до бројка од 2.341 кош сезонава и рекордер со најмногу постигнати поени во една сезона. Дирк Новицки е трет на оваа листа со 2.151 поен.

Уживајте во неговите потези. Ги шина со тројки, мангупски влезови и атрактивни асистенции. Незадржлив е, а на социјалните мрежи на Далас популарен стана хаштагот „PraviMVP“.

 
10 април 2024 - 13:48