Offside

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен одигра 1-1 на реваншот со Баерн во Минхен, ја одбрани победата од првиот дуел во Париз и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони каде ги чека Арсенал.

Бразилска навивачка опељушила цел стадион

Сао Пауло го освои вредниот Куп на Бразил откако во големото финале против Фламенго, првин на гости славеше 0-1 а потоа дома со ремито 1-1 на реваншот го освои пехарот. На прослава на трофејот имало илјадници навивачи а една навивачка покажала што крие во градникот.

Голман коцкар

Еспањол одлично ја почна сезоната во шпанска втора лига Сегунда и имаше 4 победи и 2 нерешени средби во шест кола. Но во седмото коло поради голем кикс на голманот Фернандо Пачеко, Тенерифе ги победи со 1:0 со голот на Енрико Гаљехо.

Има најава за нов тренер на Реал после Анчелоти

Пред извесно време бразилската фудбалска федерација соопшти дека е потпишан договор со Карло Анчелоти кој ќе ги преземе кариоките во јуни следната 2024-та година. На негово место на клупата на Реал Мадрид најверојатно ќе седне некогашниот играч на овој клуб кој блеска како тренер.

Како го изигравте ова момци, газдата бонус треба да ви даде

Доста веќе со слободни удари и ножички, се изнагледавме и погледнете што искомбинираа момците на Аргентинос Јуниорс. И тоа сè на прва. Убавина од акција зачинета со прокласен финиш. Да ужива човек.

Колега Стиков, се слушаме!

Зборот инфлуенсер не постоеше тогаш, но татко ми беше токму тоа, човек кој можеше со еден збор да влијае врз симпатиите на милионска публика. Можеше, ама не го правеше тоа.

Толкав празен гол да промашиш?

Херта Берлин се изнамачи со играње баражи и со години е помеѓу прва и втора Бундеслига. Моментално се второлигаши и после 7 кола имаат 3 победи и 4 порази. Со 9 бода се на 9. место. Во неделата славеле 2-3 на гости кај Кил а нивниот талент Дери Шерант (20) промашил празен гол во финишот.

Хит соло прошетка на стопер на Ријека

Ама навистина е ова прошетка, а не некаков си брз соло пробив. На Нико Галешиќ од Ријека едноставно никој не му тргна сериозно. 100 метри водеше топка на теренот на Славен Белупо и што е најјако, со оваа негова решителност му донесе 3 бода на својот тим. Смешки.

Како една мала носталгична приказна станала голема во Италија

Инспиративна сторија пристигнува од Апенинскиот полуостров. Приказна која со голема веројатност би имала одек и во регионов.

Меси: Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам и да се релаксирам

Едно поинакво интервју со Лео Меси, повеќе за приватниот живот и секојдневието, отколку за фудбал, иако и тоа е неизбежна тема. На пример ќе дознате дали знае да го крене осигурачот ако му снема дома струја среде ноќ.

Во колекцијата најчудни фудбалски акции, оваа е на високо место

На мечот Хапоел Ерусалим - Макаби Нетања во израелската Премиер лига кој заврши 1:1, при резултат 0:0 се случува нешто досега ретко видено. Гостински фудбалер промашува зицер каков што се дава на спиење, ама во продолжение од акцијата уште поголема глупост прави домашниот голман Нигериецот Адебајо Аделеје (23). По негова среќа на крајот домаќинот во 96-та минута стигнал до бод (1:1).

Каква луда завршница на дербито на Прага

Викендов најлудо дерби се одигра во Чешка. Градските ривали Славија и Спарта Прага режираа драма каква може да понуди само фудбалот.

Челси бира гол на месецот - ама од тренинг

По протерувањето на Роман Абрамович, Челси веќе не личи на клуб. Сините од Лондон потрошија буквално 1 милијарда за нови засилувања во изминатите година ипол, доведоа преплатени ѕвезди но цел месец сега немаат дадено гол. Еден гол.

А слушнавте ли за рекордот на Њукасл во Премиер?

Во неделата Њукасл на гости го разби Шефилд Јунајтед со неверојатни 0-8. Стрелци на сите голови беа различни фудбалери што не се случило никогаш во историјата на Премиер лига при така убедлив триумф.

Пантерски рефлекс на голманот на Арсенал во дербито

Во големото дерби на северен Лондон, Арсенал и Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи одиграа 2-2. „Топџиите“ два пати поведуваа, но гостите брзо одговараа. Два гола за Тотенхем даде Кореецот Сон кој сега има вкупно 5 гола на ова големо градско дерби и ги надмина Анри, Пирес и Хари Кејн. Одлично бранеше и голманот Давид Раја кој го седна репрезентативецот Ремздејл на клупа.

Атрактивна пас игра на Тотенхем под притисок

Лондонското дерби заврши 2:2, откако Сон на два пати одговори на водствата на Арсенал. Фудбалерите на Тотенхем покажаа дека и под жесток притисок на градскиот ривал, умеат многу добро да играат брзо, прецизно и поврзано. За малку ќе постигнеа и гол од оваа прекрасна акција.

Спектакуларно голчиште на Хакими

Килијан Мбапе синоќа одигра само половина час поради повреда, но и без него ПСЖ му ја наполни мрежата на Олимпик Марсеј со четири комада. Резултатот го отвори Ашраф Хакими по само 8 минути игра, гол кој сигурно ќе конкурира за еден од најубавите на сезоната.

Што ме вадиш, треба победа да бркаме со двајца напаѓачи

Актуелниот шампион на Италија не бележи баш убедлив старт како лани и по 5 кола има само две победи. Со Болоња на гости одигра без голови и откако Руди Гарсија ги извади крилните напаѓачи Кварацхелија и Распадори за да освежи со Елмас и Политано, направи измена Осимен-Симеоне. Нигериецот се налути и му гестикулираше дека треба во финишот да гризат со двајца истурени напаѓачи.

Растур систем на Миовски со два гола и асистенција

На Бојан Миовски му лежи Шкотска како на никој друг македонски играч и веќе има 7 гола на стартот на новата сезона.

Чудесниот пресврт на Барса која победи после негатива од 0:2 до 81 минута

Момците на Чави бележат одличен старт во Ла Лига со 5 победи и едно реми. Синоќешниот триумф е нешто невидено откако постојат како клуб.

Совршен рецепт за идеален слободен удар

Во француската Лига 1 Нант и Лориен одиграле спектакуларен меч со дури 8 гола. Гостите први повеле 0-1, па домаќините воделе 4-3 и на крај победиле 5-3. Од сите осум гола најубав бил оној на Мустафа Мохамед во 55' минута за Нант.

Прием на денот

Четиересет и шест годишниот германски тренер Даниел Фарке е нов предводник на Лидс Јунајтед сезонава. Екипата тргна добро и на пет меча има 3 победи и 2 нерешени и е на петто место во силниот Чемпионшип. Фарке им покажа на сите на „Еланд Роуд“ и каков прием има.

Автогол на Јувентус каков што не се памети

Јуве имаше одличен старт на сезоната но синоќа гостуваше кај Сасуоло и претрпе тежок пораз од 4-2, резултат незамислив во време на шампионскиот Јувентус за кого ваквите гостувања беа екскурзија. Бјанконерите имаа активен резултат до 82' минута кога прво Пинамонти му донесе на Сасуоло 3-2 и во 90+5' минута кога стоперот Гати си постигна многу смешен автогол.

Волеј на викендот во режија на Бруно

Манчестер Јунајтед влезе во серија од четири порази на последните шест меча па очајно им требаше триумф за да колку-толку ја вратат самодовербата пред продолжение на сезоната. Бруно Фернандеш синоќа на гости кај Барнли им донесе три бода и победа со прекрасен гол со волеј. Асистенција на ветеранот Џони Еванс.

Судија фатен во офсајд

Што е смешно, мислите лесно му е да издржи 90 минути без пиво?