Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Емотивно видео на Наполи во чест на Елмас

„Ти благодариме за емоциите кои ни ги подари. Сега те чекаат нови предизвици и ние ќе бидеме секогаш тука за да навиваме за тебе“, стои во објавата на Наполи.

На времето кога немаше ВАР и на терен се решаваа работите

Јувентус vs Интер, снимка пред околу 25 години која го покажува ривалството меѓу двете екипи, кои сезонава се двојат како најсериозни кандидати за Скудетото. На една страна паѓа Роналдо, на другата Дел Пјеро. Судиите на маки што да судат. Немаше тогаш репетиции на монитори, ама затоа фудбалот имаше повеќе душа. Секој секој играч „вреди“ 100 милиони.

На необичниот стадион во Белфаст има гостувано и македонска екипа

„Знаев дека ми е нешто познат клубов (не преку кладилници) и дека има играно со некој наш клуб. Па најдов, со Ренова 2011-та, на истиот тој стадион, па уште и на пенали играле“, ни пиша читател после статијата „Најчудниот стадион во Велика Британија“.

ФФМ потврди, Боби Милевски останува селектор на Македонија

Тоа што излезе како вест пред една недела во некои македонски медиуми, сега доби и официјална потврда.

Лош, полош, Детроит Пистонс

Детроит Пистонс синоќа изгуби од Бруклин Нетс 118-112 и со тој пораз постави нов негативен рекорд со дури 27 порази по ред во лигата што е апсолутен рекорд.

Потегот на вечерта во НБА е забивањето на Колин Секстон

Малку е ризично, бидејќи ако не ти успее, ќе следува сеир и во сала и на Твитер, ама Секстон тоа го направи храбро и самоуверено и на крај си го направи меракот.

Кога од предновогодишна забава ќе застанеш директ на гол

Англичаните традиционално го одиграа колото на „Боксинг деј“, од прва до петта лига. Најлошо мина Свонси кој на гостувањето против Саутемптон прими пет парчиња. Вториот гол беше живи комедии, а го постигна Самуел Едози со петица, благодарение на голманот кој блесна со најпацерската можна интервенција.

Муслиманите му замеруваат на идолот Салах што слави Нова година и Божиќ

Најголемиот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах е идол на исламскиот свет. Тој деновиве како и во претходните години во овој период им честита на навивачите католички Божиќ и спомена за жртвите во Секторот Газа. Големо огорчување во исламскиот свет предизвикало тоа што тој со семејството го одбележува Божиќ секој 25-ти декември.

Златан да ви покаже на 42 години како се изведуваат ножички на боса нога

Повредите го спречија, инаку уште ќе играше и ќе се потеше со срце за Милан. Ѕвер.

Белингем во живо го виде промашувањето на зимата

Можеби најдобриот фудбалер годинава во Европа, Џуд Белингем од Реал Мадрид ја искористил паузата во шпанскиот фудбал да се врати дома во Англија. И таму отишол да го гледа брат му Џоби Белингем (18) кој играше во стартната постава на Сандерленд против Ковентри.

Евра да ти бил видовит

Легендарниот лев бек на Монако, Манчестер Јунајтед и Јувентус, веќе долго време работи како стручен коментатор. Синоќа на мечот меѓу Јунајтед и Астон Вила, гостите на полувреме водеа со убедливи 0-2. Сите навивачи очекуваа нов пораз на паднатиот Манчестер но Евра имаше друга визија.

Два жолти картони и црвен за шест секунди

Во дуел на некогашните прволигаши а сега второлигаши во Серија Б, Сампдорија и Бари ги поделија бодовите. Гостите поведоа 0-1 во 79’ минута, домашните израмнија во 90+2’ минута за конечно реми. Жереми Менез, францускиот ветеран кој играше во Рома и Милан, доби црвен картон после два жолти во неколку секунди.

2023-та однесе во пензија 10 врвни фудбалски имиња

Азар заминa на само 32 години, Бејл на 33, Ибра и Жоакин тераа до 41, Џиџи до 45. Фудбалот дефинитивно ќе биде посиромашен без овие легенди.

Најчудниот стадион во Велика Британија

Стадионот „Овал“ во Белфаст, Северна Ирска важи за еден од помистериозните фудбалски стадиони во Велика Британија. Еве и зошто:

Германските навивачи се од некоја друга лига

Навивачите на Унион Берлин му даваат поддршка на тим за играчи до 19 години на футсал натпревар. Нема што да коментираме и споредуваме. Културолошки ова е несфатливо за нас. Кој знае колку им е јако на децава.

Тренер во Египет прекина прес конференција поради повик од Мурињо

И кога го нема во кадар, пак ќе најде начин како да направи шоу и голема е веројатно ова да му е смислено. Португалскиот стратег Рикардо Формосињо се пласираше во египетскиот Супер Куп со тимот на Модерн Фјучер после пенали, а потоа рече дека мора да се јави бидејќи го бара Мурињо на кој инаку му беше помошник тренер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Јенс Леман можеби ќе лежи затвор поради упад кај комшија со моторна пила

Некогашниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт и германски репрезентативец е прогласен за виновен на суд во Германија. Тој со моторна пила влегол кај соседот во двор и му ја оштетил гаражата.

Мајсторија од слободен удар во Турција

Во натпревар од 17. коло на турската Суперлига меѓу претпоследно пласираниот Пендикспор и Анкарагучу (1:1), гостинскиот фудбалер Ефкан Бекироглу во 18’ минута го постигна голот на колото во турската лига.

Фудбалскиот трик на годината го има Дани Олмо

Видовме годинава ножички, слободни удари, голови од корнер, дриблинзи и разно разни мајстории, ама никој како итриот Дани Олмо во германскиот Супер Куп меѓу Баерн и Лајпциг. Лукас Хернандез не знаеше што го снајде.

Никола Јокиќ 18/18 од слободни

Шампионот Денвер Нагетс со 120-114 го доби големото дерби против Голден Стејт Вориорс. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, 5 скока и 3 асистенции. Никола Јокиќ уфрли 26 поени со 14 скока и осум асистенции за дабл-дабл учинок. Ефикасни беа уште и Мајкл Портер со 19 поени и 10 скока, Арон Гордон со 16 поени и 10 скока.

Дончиќ се отвори за Божиќ со 50 поени и 15 асистенции

Лука испиша историја и стана прв играч меѓу активните кој најбрзо стигнал до 10.000 поени во НБА. Прв и после Мајкл Џордан меѓу пензионираните.

Дечки, па да ве видиме како гости на Ол стар

А ние па горди што одиме пешки на работа, демек трошиме по нешто од тешките празнични софри.

Неколку занимливи факти за незаменливиот Пјерлуиџи Колина

Легендарниот италијански судија сè уште е вклучен во фудбалот и тоа како член на судиската комисија во УЕФА, претседател на судиската комисија на ФИФА, шеф на судиите во Фудбалската федерација на Украина и консултант на Италијанската фудбалска федерација.

Како навивачите на Борусија ја спремаа прекрасната роденденска кореографија

На Борусија Дортмунд и се падна годината да ја заврши на 19 декември против Мајнц, токму кога клубот слави 114 години од основањето. Навивачите им се неприкосновени за кореографии. Погледнете како работат на случајот по хангари, за на крај да создадат величествена атмосфера.