Гробари се навратија на Европско првенство 1995 кое се одржа во Грција, на кое за малку не се случи финале меѓу Југославија и Хрватска.
Југославија предводена од Душан Ивковиќ на кој помошник му беше Жељко Обрадовиќ, во полуфинале го совлада домаќинот, а Хрватите загубија од силната Литванија предводена од Сабонис.
Југославија беше шампион откако во финалето ја совлада Литванија, а како трета заврши Хрватска која во мечот за трето место ја доби Грција.
И како по обичај најпрвин беа доделени бронзените медали за Хрватите, па сребрените за Литванците и кога Југославија дојде на ред да ги прими златните, цела селекција на Хрватска во која беа Кукоч и Раѓа го напушти подиумот.
Страшниот состав на тогашниот европски првак го сочинуваа имиња како Владе Дивац, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Саша Обрадовиќ, Жарко Паспаљ, Александар Ѓорѓевиќ, Жељко Ребрача.
И ден денес по разни емисии и подкасти се зборува за тие немили сцени на кои синоќа алудираа навивачите на Партизан. Нивното напуштање е однапред договорено поради тоа што ЈНА веќе почна со бомбардирање во Хрватска.