Чаби Алонсо е најбараниот тренер од најголемите европски клубови во моментов, но по сè изгледа тој ќе остане и следната сезона во местото каде донесе најголема радост.
42-годишниот Шпанец го презеде Баер Леверкузен на 5-ти октомври 2022-ра кога овој тим беше претпоследен на табела во зоната за испаѓање. Тоа беше најлошиот старт на сезона на Баер Леверкузен уште од 1979-та. Чаби до тој момент не водел прва екипа и беше тренер на вториот тим на Реал Сосиедад.
18 месеци, 557 дена подоцна Баер Леверкузен ја освои првата шампионска титула во 120-години историја и постави нов рекорд со серија од 43 меча без пораз!
Навивачите веќе именувале една голема улица која води до стадионот „Бај Арена“ по негово име, а сега останува уште градските власти да го потврдат овој неофицијален предлог од навивачката база:
Најдобриот тренер на сезоната во соблекувалните традиционално беше полеан со пиво од неговите момци:
Got him! 😂🍻 #Winnerkusen #DeutscherMeisterSVB @XabiAlonso pic.twitter.com/wDPgBVykGz
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) April 14, 2024
XABI ALONSO#Winnerkusen #DeutscherMeisterSVB @XabiAlonso pic.twitter.com/95kVqc6kac
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) April 14, 2024
Sorry, Xabi - you can't stop @boniface_jrn 🤣#Winnerkusen #DeutscherMeisterSVB @XabiAlonso pic.twitter.com/11hIemxJxr
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) April 14, 2024
Славјето во Леверкузен допрва ќе трае...
Приказна со најубав крај - Баер Леверкузен е шампион на Германија!