Хјустон Рокетс го совлада ЛА Клиперс 116:105. На дофрлање на топката на почеток на мечот Бобан Марјановиќ бил натскокан од 40-сантиметри понискиот противнички играч Ксавиер Нун.
Потоа, пред крајот на натпреварот, високиот Србин кој веќе неколку сезони е резервен играч, седи на клупа и малку игра но ужива во животот во САД и огромните примања кои ги има во НБА, реши да се посмее со публиката.
ЛА Клиперс организирале акција за бесплатни сендвичи со пилешко после секое двојно промашување слободни фрлања на противникот. Така Марјановиќ, и онака крајно слаб шутер на слободни фрлања меѓу центрите, го промашил првото, а пред второто кревал раце во вис како ќе промаши со цел навивачите да добијат бесплатни сендвичи.
„Ова е човек од народот, за народот“, урлаше коментаторот:
— Sports Fan (@sportsnow12345) April 15, 2024
Бобан Марјановиќ на крај имаше 13 поени со осум скока. Сезонава има само 14 настапи во НБА. Марјановиќ во минатото беше член и на ЛА Клиперс каде во две сезони (2017/2018 и 2018/2019) одигра 56 натпревари. Хјустон Рокетс му е 6-ти тим во НБА во 9 сезони на Србинот во САД.