Навивачите на Вердер Бремен во навивачките кругови важеле за „по-левичари“, за големи борци за родовата еднаквост, па оние од Леверкузен кога гостувале кај нив им кренале парола со натпис: „Има само два пола“ мислејќи на машки и женски и ниеден друг.
Сега кога Баер Леверкузен славеше историска прва шампионска титула со еуфорично славје на теренот, навивачите на Вердер Бремен запалиле димни бомби во зелена и бела боја и извадила парола: „Има повеќе родови, ама само две бои“.