Минатиот четврток Фенербахче играше во 1/4 финале на Конференциска лига и тоа дерби против Олимпијакос на гости. Грчкиот тим водеше 3-0 во 57’ минута но Фенербахче успеа да намали на 3-2 до крајот и да се избори за поволен резултат пред реваншот во Истанбул во четврток.
Един Џеко во еден момент од мечот влегол во клинч со навивачите на Олимпијакос кои го навредувале. Тој им го покажувал турското знаме на дресот на Фенербахче и неофицијално плукнал во нивен правец, а тие го пцуеле и навредувале.
Во деновите после натпреварот, грчки навивачи пишувале лоши рецензии на име на ресторанот на Един Џеко во Дубровник, па во целата приказна се вмешале и навивачи на Фенербахче кои пишувале најубави рецензии и ги кревале оцените кои претходно ги спуштиле Грците.
„Неприфатливо. Многу лоша услуга. Ни ја потврдија резервацијатаи кога отидовме таму ни кажаа дека морале да ја дадат масата на посебен гостин“, пишал некој Грк, а друг додал: „Одличен персонал, добра храна, лош газда. Ќе беше многу поубаво искуство ако сопственикот беше добра личност а не фашист и расист против одреден народ. Жал ми е“.
Фенербахче во неделата едвај со 1-2 го совладал аутсајдерот Фатух Карагумрук. Гостите губеа на полувреме 1-0 но со голот во 49’ Един Џеко го најави пресвртот кој го потврди Батшуаји од пенал во 57-ма минута.