На македонскиот тренер, практично му пресуди македонски кошаркар, а тоа е Ненад Димитријевиќ кој викендов одигра блеската партија со рекордни 40 поени против ЦСКА за победа на Уникс од 88:78.
И тоа е практично последен натпревар за Рајковиќ како тренер на ЦСКА Москва по кој управата одлучи да му врачи отказ.
Осумкратниот европски првак се разделува со него пред самиот старт на плејофот во кој ќе тргнат од третата позиција и ќе играат против Енисеј.
„Ова не беше лесна одлука за нас. Прво, поради тајмингот. Не се случува често тимот да го смени главниот тренер само една недела пред почетокот на плејофот. Второ, развивме одличен човечки и професионален однос со Емил. Веќе претходно кажав дека Рајковиќ со голема одговорност пристапуваше кон својата работа, се најде во тешка ситуација од аспект на големи промени во ЦСКА. На почетокот на сезоната очекувањата од перспективите на нашиот тим не беа преголеми. Благодарение и на залагањето на Рајковиќ ги надминавме овие очекувања во првиот дел од првенството.
Но, сега, и покрај тоа што до последното коло се боревме за лидерство во многу конкурентниот шампионат на ВТБ лигата, резултатите од вторрата фаза и што е најважно, квалитетот на играта не ги израдуваа клубот и навивачите. Животот покажа дека на тимот му требаат итни и сериозни промени. Секогаш ќе се однесуваме кон Емил, како и кон Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски со љубезни чувства и најискрена благодарност. Искрено му посакувам нему и на сите негови помошници многу среќа во понатамошната работа. И ЦСКА ќе продолжи да се бори на патот кон највисоките цели“, изјави претседатело на ЦСКА Андреј Валутин.
The club has decided to terminate the contract with the team’s head coach Emil Rajkovic
— CSKA Moscow (@cskabasket) April 15, 2024
The Macedonian specialist took over at CSKA in the summer of 2022. More info: https://t.co/0GR9f4vKaS pic.twitter.com/nXl4STHvUv
Рајковиќ им заблагодари на претседателот на клубот, помошниците, играчите и навивачите на ЦСКА Москва.
„Би сакал да изразам голема благодарност до кошаркарскиот клуб ЦСКА и неговиот претседател Андреј Ватутин за секогаш конструктивната соработка и довербата што ми беше дадена, можноста да го водам еден од најславните клубови во европската кошаркарска историја. Во овие две години имавме многу победи и многу пријатни моменти кои ќе ми останат во сеќавање. Во овој момент би сакал да им се заблагодарам на моите помошници, на играчите и на крајот, но не и најмалку важно, на навивачите на ЦСКА кои секогаш не поддржуваа на секој натпревар. Искрено се надевам дека тренерската смена ќе ја даде потребната искра и со враќањето на Каспер Вер тимот ќе ја достигне целта и ќе ја освои шампионската титула“.
Емил Рајковиќ беше промовиран за нов тренер на ЦСКА летото 2022-ра година и во првата сезона успеа да постави два клупски рекорди, а тоа се бројот на победи (30) и бројот на победи во низа (24) во регуларниот дел од сезоната.
Беше прогласен и за тренер на годината, но потоа не успеа да ја освои шампионската титула која отиде во рацете на Уникс и Ненад Димитријевиќ.
ЦСКА беше елиминирана во полуфинале од Локомотив Кубањ и со победата над Зенит ја освои бронзата.
За негов заменив е назначен Гркот Андреас Пистиолис кој работел осум години како помошник тренер во ЦСКА.
🔴🔵 Andreas Pistiolis has become the new head coach of our team, the contract is valid until the end of the season. Thus, the 45-year-old Greek specialist returned to CSKA, where he worked for almost eight seasons as an assistant. More info: https://t.co/3urpbPigEA pic.twitter.com/f8KyRuZzag
— CSKA Moscow (@cskabasket) April 15, 2024