Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Чудесната атмосфера на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд

Германските клубови играат сјајна сезона во Европа и во завршницата влегуваат со дури три клуба. Баерн, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен. „Милионерите“ од Дортмунд го совладаа ПСЖ 1-0 во првиот меч од полуфиналето во ЛШ. Натпреварот донесе многу шанси кај двете страни, само еден гол и прекрасна атмосфера од трибините. Посебно од легендарниот „Жолт ѕид“ зад едниот гол.

Триумф на Борусија, ќе брани минимална предност во Париз

По ремито 2:2 меѓу Баерн и Реал и второто полуфинале од ЛШ остава многу прашалници за патникот во финале. Со голот на Никлас Филкруг, Борусија Дортмунд има 1:0 против ПСЖ пред реваншот.

Шек - Коби, какво дуо беше тоа

Легенди какви што ретко се раѓаат и се наоѓаат заедно во ист тим. Симболи на едни незаборавни НБА времиња. Заедно беа на тронот во 2000, 2001 и 2002-ра. Потоа Коби освои уште две титули со Лејкерси (2009 и 2010), а Шек една со Мајами (2006).

Кога во Македонија во дебатни емисии се канеа навивачи

Комити vs Шверцери плус четворица гости, поканети од страна на Чом во емисијата „Чуму“ на А1. Ниту сега има ваков концепт на емисии со навивачки групи, ниту пак се надминаа или подобрија проблематиките за кои дебатираат. Осудени сме на политички гњаважи.

Аплаузи за Лука Модриќ и Томас Милер

Одиме со два податока за две фудбалски легенди кои заслужуваат внимание. Од синоќа едниот е најстар играч во историјата на Реал Мадрид кој настапил во ЛШ, а другиот е прв Германец кој стасал до 150 натпревари во елитното натпреварување. Секоја чест.

Топ 10 забивања во кариерата на експлозивниот Ентони Едвардс

Со главата стига до обрач, а со раката и баскетот до горниот дел од таблата. Инаку има 22 години. Уживајте во празникот наречен Ентони Едвардс со кој во полуфиналето од Западот ќе се соочат Јокиќ и другарите. Не ферма никој под кош. Многу моќен. Ама ептен.

Партија на кариерата на Тајрис Макси кој ја спаси Филаделфија од елиминација

Публиката во Медисон Сквер Гарден остана без радост, но и без зборови од перформансот на Макси кој не дозволи Њујорк Никс да стане првиот полуфиналист на Истокот.

Ноер vs Кристијано, вонземјанска одбрана

Погледнете на што налетавме. Стара снимка од Баерн - Реал со удар на Роналдо кој ќе го видите во гол. Според секоја логика ова треба да е гол и точка. Каков е овој зачудувачки голмански рефлекс на Мануел Ноер при толку силен шут? Неверојатно нешто. Ко на ракомет.

Мадрид во солзи, Надал им кажа збогум

Рафаел Надал не успеа да се избори за четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, а тоа значи дека за последен пат настапува во својата татковина.

Чуамени му влезе на Милер во програма

Иако ова е полуфинале, екипите се сериозни, а целта им е само трофеј и ништо под тоа, сепак играчите од типот на легендарниот Томас Милер знаат како да најдат време и за забава.

Спектакуларната кореографија во чест на легендарниот Франц Бекенбауер

Навивачите на Баерн се потрудиле за великанот Франц Бекенбауер, кој има три европски титули и тоа по ред: 1974, 1975, 1976. Замина на 7 јануари годинава на 78 годишна возраст.

Восхитувачкиот пас на Крос кој му ја нацрта акцијата на Винисиус

23 минути Баерн го напаѓаше голот на кралевите, кои до тогаш не се споија со топка. Во 24-та минута на својата позиција топка доби Тони Крос и толку беше. Со само една гестикулација со прст му посочи на Винисиус каде треба да влезе. Навидум едноставна, но сепак многу мајсторска асистенција на Германецот со многу мозок, за која сите зборуваат денеска.

Навивачите на Реал и Баерн сложни во метро

Првата мега пресметка меѓу Баерн и Реал заврши 2:2. Не чувме дека пред мечот имало инциденти. Таргетот на група навивачи од двата тима беше Барселона.

Реми со четири гола во големиот класик, финалистот ќе се дознае во Мадрид

Во интересен дуел меѓу двата европски гиганти на „Алијанц Арена“ во Минхен вечерва Баерн и Реал одиграа 2:2. Гостите поведоа први преку Винисиус, Баварците направија пресврт, а Бразилецот одново ги олади домашните, овојпат со гол од пенал. Реваншот за седум дена ќе го донесе патникот во финалето.

Голман, мораше ли баш во птицата?

На натпревар меѓу Треф и Фунефос во норвешката трета лига, гостинскиот голман при дегажман на топка од својот шеснаесетник, случајно погодил птица во лет и ја оставил на место.

Како помина Баерн во полуфинале со Реал пред 10 години?

Никако. Се соочија со елиминација од вкупни 5:0, а дома загубија 0:4. Два гола на Роналдо, два на Рамос. И двете екипи имаа страшни состави предводени од тренери по име Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти. Баерн ја бранеше европската титула, а Реал ја освои. Слободниот на Роналдо во стилот на Тони Мицевски.

Вардар - Динамо Загреб 1982

Налетавме на преубаво парче фудбалска носталгија. Дуел меѓу Вардар и Динамо во април 1982-ра година во Скопје. Соблекувални со постери од голи женски, физиотерапевти, загревање, сè по пропис. Некој би рекол и подобро од денес.

Емоции на баба му на Орсолини до небо за пласманот на Болоња во Европа

И официјално Болоња следната сезона ќе биде дел од меѓународната сцена, само уште не се знае во кое од трите европски натпреварувања. Последен пат играа во Европа во 2002-ра во тогашниот Интертото Куп. Во Купот на УЕФА играа во 2000-та, а во ЛШ во далечната 1964-та, кога го освоија Скудетото, седмо и последно во нивната историја. Баба му на Рикардо Орсолини во солзи за фантастичниот успех на својот внук.

И Леброн знае да се исклучи, се оправаше со гледачка

Леброн Џејмс и неговите ЛА Лејкерс се елиминирани во првата рунда од плејофот со 4-1 од шампионот Денвер Нагетс. И покрај тоа на „кралот“ мора да му се оддаде признание што на 39 години (во декември ќе полни 40), помина најмногу на теренот од цела екипа (44 минути и пет секунди) и беше најефикасен со 30 поени, 11 асистенции и 9 скока. Леброн во просек на сите пет меча играше по 40-41 минута што во плејоф не му се случило уште од 2018-та кога играше во Кливленд Кавалирс.

Искрен исповед на легендарниот Лимени кој му ја уништил кариерата на Драган

„Драганееееее“, е најславното драње од селскиот српски фудбал кое датира од пред 15 и повеќе години. Уште се раскажува за тоа, а познат е и епилогот на кариерата на Драган.

Што кога ќе му поставиш прашање на Анчелоти на германски јазик?

Дон Карло во својата екстремно богата тренерска кариера има и шампионска титула со Баерн Минхем во сезоната 2016/2017. Во пресрет на вечерашниот класик Баерн - Реал Мадрид во 1/2 финале на ЛШ, германските новинари го прашале нешто на германски јазик а тој признал дека престојот таму му бил убав ама дека од јазикот не научил многу.

Бомбастичните голови на Роберто Карлос

Иако после него се појавија многу страшни шутери и маестрални изведувачи на слободни удари, она што славниот бразилски лев бек го правеше беше уникат. И остана.

Џејми Варди пак е јунак - со 18 гола го врати Лестер во Премиер лига

Клубот кој во 2016-та година сензационално стана шампион во Премиер лига, минатата година испадна од најдоброто друштво а сега на едно коло до крајот на сезоната во сурово тешкиот Чемпионшип ја освоија титулата и се враќаат во богатата Премиер лига.

Што е со модава бе?

Џејлен Вилијамс кој постигна 24 поени против Њу Орлеанс за конечни 4:0 на Оклахома и пласман во полуфиналето во Западната конференција, вака дојде на натпревар.