Снимките и фотографиите од инцидентот покажуваа како Фарук Коча незадоволен од судењето на главниот арбитар влетува на теренот и со повици дека ќе го убие, го удира Халил Умут Мелер со тупаници.
Ризеспор на тој меч постигна гол во судиско продолжение. Коча прво доби суспензија на осум натпревари а потоа Турската фудбалска федерација покренала кривична постапка против Коча и други негови помагачи.
Судот во Турција кој го водел овој предмет денес (понеделник) го осудил Фарук Коча на три години и седум месеци за едно дело и плус уште 6 месеци и 20 дена затворска казна за друго дело од истиот инцидент.