Четири години од македонската фудбалска бајка наречена пласман на ЕП

Да, датумот е 12 ноември 2020. Нереално. Како вчера да беше. Да се потсетиме.

Сè тргна од доаѓањето на Игор Ангеловски на кормилото, кој прво што направи кога стана селектор, отпатува во Џенова за да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентација.

Легендата рече „да“, ја држеше и играта и соблекувалната, а Мрме им ја кажа амбициозната цел: Пласман на Европско првенство.

Ветено, сторено. Најпрвин завршија како лидери во групата Д од Лига на нации со 5 победи и едно реми против Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн и гол разлика 14:5.

Во полуфинале го елиминираа дома Косово, а големиот ден кој остана запишан со златни букви е финалето во Тбилиси.

Кој следи фудбал, во 3 по полноќ треба да знае да раскаже што и направи на грузиската одбрана, триото од Серија А Елмас-Несторовски-Пандев.

Гол кој ќе се памети вечно, гол за историја на македонскиот фудбал и спорт воопшто и за остварување на нашиот сон од детство.

Видеата кои секогаш ги доживуваме емотивно и кои гориме од желба да ни се повторат со нов пласман на ЕП, а зошто да не и Светско.

12 ноември 2024 - 11:44