Тренерот на Ненад Димитријевиќ мислеше дека победиле, тргна да се поздравува

Олимпија Милано изгуби од Алба Берлин во 9. коло после продолженија 105:101. Екипата на нашиот Ненад Димитријевиќ имаше водство во текот на мечот а на крајот во драма Спањоло од Алба Берлин при нерешен резултат тргна да шутира тројка и промаши. Еторе Месина, тренерот на Олимпија Милано мислеше дека победиле и тргна да се поздравува со противничкиот тренер.

Во продолженија Алба Берлин победи 105-101. Најефикасни беа Габриеле Просида со 29 поени, Тревион Вилијамс со 23 поени, 11 скока и пет асистенции, Јонас Матисек со 21 поен и Матео Спањоло со 20 поени, пет скока и дури девет асистенции.

Кај Милано Никола Миротиќ уфрли 28 поени со 10 скока, Ненад Димитријевиќ додаде 14 поени со два скока и пет асистенции за 31 минута на паркетот, а Зак Ледеј стигна до 23 поени со пет скока.

 

13 ноември 2024 - 09:17