Дејвид Кут е веќе суспендиран од англиската судиска комисија (PGMOL) и е отстранет.
На видеото кое се појави пред неколку дена, Кут употребува и навредливи зборови за Ливерпул за кој вика дека е срање од тим. На видеото има и саркастична реплика за држење дистанца па се претпоставува дека е снимено во време на пандемијата и полицискиот час.
На прашање од другарот за Јирген Клоп, Кут ладно вели: „Пи*ка од човек, ми ја растури работата на нивните натпревари со Барнли, ме кривеше дека лажам. Не сум заинтересиран за разговор со такви надмени луѓе. Германско ко*иле, да го е*ам.
Англиските медиуми веднаш избунарија колку пати Кут му судел на Ливерпул. Тој бил судија на меч на црвените осум пати и сите осум како главен судија. Ливерпул пет од тие натпревари ги победил а два изгубил. Им свирел во разни турнири, по три дуели во Лига Куп и Премиер лига, два во ФА Куп. Клоп бил тренер на Ливерпул на седум од тие осум меча.
Premier League referee David Coote calling Liverpool “Sh*t” and Jurgen Klopp a “C*nt”😬😳 pic.twitter.com/1W3fQmnFWO
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) November 11, 2024
Во саботата Ливерпул славеше 2-0 против Астон Вила во 11. коло од Премиер лигата. Спорен момент имаше во првиот дел кога пред голот на Дарвин Нуњез Салах имаше дуел со Леон Бејли. Кут не видел никаков прекршок и не му даде картон на Бејли туку покажа гест играта да продолжи.
Една од неговите најгруби грешки на штета на Ливерпул е онаа од 2020-та кога во време на пандемија градското дерби Евертон - Ливерпул се играше без гледачи. Тогаш судијата Дејвид Кут не му даде ниту жолт картон на голманот Пикфорд за страшниот фаул над Ван Дајк кога тешко го повреди, му скина лигаменти а Холанѓанецот паузираше цела година.
David Coote was on VAR for this game and didn’t give Liverpool a penalty after this handball😭😭😭 pic.twitter.com/MPqMP6giX0 https://t.co/aBByMA0cu1
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) November 11, 2024
BREAKING: David Coote has been suspended with immediate effect pending a full investigation 🚨 pic.twitter.com/u05qR4HF7K
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 11, 2024
Дејвид Кут работи во Премиер лига од 2018-та година, судија со знак на ФИФА е од 2020-та. Во фудбалско судење е од 16 години а сега има 42 години. Најважен натпревар кој го судел во кариерата е финалето на Лига Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл (2:0) во 2023-та.
Надвор од Англија не работел често. Има натпревари во јапонската лига а судел и меч од квалификации за Лига на шампиони меѓу Слован и Динамо Батуми. Во Лига Нации еднаш го судело дуелот Ерменија - Естонија.
Веројатно толку му е од кариерата.