Рекорд на кариерата на Шеј Гилџес-Александер, главниот конкурент на Јокиќ

Најдобриот канадски кошаркар и лидер на Оклахома Сити Тандер, 26-годишниот Шеј Гилџес-Александер синоќа на дуелот против ЛА Клиперс го постави својот нов личен рекорд во НБА кариерата. Постигна 45 поени со 9 скока, три асистенции и дури пет украдени топки. Пред почетокот на сезоната, некои кошаркарски страници го прогласуваа ШГА за главен фаворит за МВП наградата покрај Никола Јокиќ.

Оклахома Сити Тандер е прва на западот со 9 победи и 2 порази. 

Покрај Шеј Гилџес-Александер, голем удел во триумфот на Оклахома Сити Тнадер имаа уште и Џајлен Вилијамс со 28 поени, осум скока и шест асистенции, како и Лугуентц Дорт со 19 поени и Ајзеа Џо и Алекс Карузо со по 12 поени.

Кај ЛА Клиперс најефикасни беа Норман Пауел со 31 поен и Ивица Зубац со 22 поени и 14 скока.

12 ноември 2024 - 09:47