Чуден одговор од Миленко Неделковски

На синоќешното Собрание на акционери, управата на ФК Вардар со новиот сопственик изгласала неколку нови членови во одборот на директори. Претставниците на навивачката група „Комити“ биле категорично против тоа Миленко Неделковски да биде изгласан за функционер (извршен директор) во клубот. Комитите се огласија со соопштение во кое пишаа дека тој не поседува карактерен и морален капацитет ниту пак визија да го води клубот.

На својот Фејсбук профил, Миленко Неделковски доцна синоќа објавил фотографија на која има зелено џамче и натпис „Соопштение“! Кому е наменета оваа порака не е јасно, иако алузијата е симптоматична ако се знае за што се користи жаргонот „зелено џамче“:

 

Миленко Неделковски и официјално е нов извршен директор на Вардар, Комити гласале против

12 ноември 2024 - 12:22