Како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдо за својата репрезентација има дури 216 настапи и 133 гола. Во двете категории е рекордер во историјата на репрезентативниот фудбал. Никој никогаш не одиграл толку за репрезентација и не дал толку голови како него.
„Смешно е, кога и се приклучив на репрезентацијата на 18 години, сонував да дебитирам. После размислував за 25, па за 50 натпревари. Па си помислив: а зошто да не дојдам до 100? Тоа е округол, троцифрен број. Подоцна целта ми беше 150 па 200. Чувството е прекрасно“, рекол Кристијано Роналдо.
Тој има порака и за помладите играчи кои допрва треба да се докажуваат:
„После играње за толку клубови и освоени толку трофеи, Лига на шампиони, Златни топки, награди на ФИФА, нема ништо подобро од играњето за својата земја. Претставуваш цела една култура, своите деца, мајката, таткото, најдобрите пријатели. Разочаран сум од играчите кои не сакаат да играат за репреезнтација“.
Капитенот на Португалија во моментов е на бројката од 908 гола во својата професионална кариера. Го прашале дали може да стигне до 1.000?
„Да бидам искрен, та е моја вина. Реков јавно дека сакам да постигнам 1.000 гола и сега испаѓа дека тоа ми е единствена цел. Целта ми е да живеам во моментот. Ако дојдат илјада голови одлично. Ако не, никој не постигнал повеќе голови од мене. Не мораме да размислуваме долгорочно. Живеј го моментот и уживај“, рекол Кристијано Роналдо.
Португалија ја чекаат дуели од Лига Нации против Полска дома на 15-ти ноември и против Хрватска на гости на 18-ти ноември.