Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Србија дава најголеми премии на свет за олимписко злато

Српскиот олимписки комитет под закрила на српската држава мошне богато ќе го награди секој олимпиец кој во Париз на Летните Олимписки Игри ќе се закити со златен медал.

Како Олимписките Игри се претворија во политичко бојно поле?

Од 26-ти јули во Париз почнуваат Летните Олимписки Игри. И овојпат политиката замеша прсти па многу атлети од Русија и Белорусија останаа напатени поради забраната за учество на Олимписки Игри со нивно знаме, химна и грб. Притоа кој сака да учествува од овие земји ќе мора да игра во неутрален статус, да слави медали без интонирање на химната на својата земја. Така и направиле и на Југославија во 1992-ра.

Голови на Еуро 2024 со домашни коментатори кои паѓаа во еуфорија

Доживувањето е поголемо кога паѓа гол на Европско а коментаторот е од земјата која постигнала погодок. Урлаа, викаа, плачеа, скокаа...

Потпретседателката на Аргентина: „Нема колонијалисти да ни кажуваат што да пееме, Нико со тебе сум“

Не се стишува бурата која што ја предизвикаа аргентинските фудбалери кои при прослава на освоениот пехар на Копа Америка пееја една песна во која ги исмеваат француските фудбалери со африканско потекло. Во прв кадар на снимката беше играчот на Челси Енцо Фернандез кој набрзо се извини за тоа и побара прошка.

Нетфликс да сними документарец за Нико Вилијамс

Неговите бегале од Гана и оделе пешки низ сахара, а од жешкиот песок 30 години подоцна уште имаат болки на табаните. Претворете се во уши. Европскиот првак Нико Вилијамс има нестварна приказна.

Лекција по судење од 90 секунди

Обично немаме можност да ја слушаме комуникацијата на судиите со играчите, тренерите и неговите помошници. Ама еве и такво нешто. Смирен, позитивен, насмеан и пред сè комуникативен со сите. Знае како да комуницира, ама и да слуша. Роден судија.

Блокерско шоу на Ентони Дејвис против Јокиќ и другарите

Селекцијата на Србија претрпе убедлив пораз во пријателскиот натпревар против САД во Абу Даби (105:79).

Интер тргна промотивно видео за Иранецот Мехди Тареми поради протести

Триесет и едно годишниот центарфор Мехди Тареми од Иран кој долго време играше во татковината, во Катар па во Португалија каде се прослави во Порто (122 настапи, 64 гола), сега потпиша договор со италијанскиот шампион Интер. Тареми вели дека му се остварил животниот сон да игра во италијанскиот фудбал. Миланскиот клуб снимил интересно промотивно видео за негово претставување но по реакцијата во арапскиот свет кој негодувал поради тоа што во видеото е употребуван терминот „Персиски залив“ а не „Арапски залив“, видеото е тргнато.

30 години од најпознатиот пенал во историјата

На денешен ден 17 јули 2024 се навршуваат точно полни три децении од најфамозниот пенал на сите времиња во фудбалот.

Протест на навивачите на Лацио со канта за ѓубре

Симболичен, ироничен, но вистинит и силен гест на навивачите, на планинското место Ауронцо ди Кадоре, каде Лацио ги почна подготовките за новата сезона.

Емотивна средба на Модриќ со првиот тренер во кариерата

Лука Модриќ подели стотина автограми во БиХ, се фотографираше со стотици обожаватели, но една средба беше одбележана со посебни емоции.

Најјаката имитација на англискиот голман Пикфорд

Познатиот англиски комичар Карл Портер од Салфорд до црта го скинал англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд. Мотив добил од парадите и реакциите на голманот на Еуро 2024 каде Англија стигна до финале и го загуби 2-1 од Шпанија.

Зезалицата на Ламин Јамал со Фабијан Руиз

Шпанците имаа неверојатен пречек на историскиот плоштад Сибелес во Мадрид. Ги пречекале стотици илјади навивачи кои дошле да ги поздрават за титулата Европски шампион. На прославата имаше секакви глупирања од играчите, а едно го уловила камерата: Јамал со Фабијан Руиз.

Се знае кој му е идол на Мбапе и кого имитира

Килијан Мбапе во вторникот напладне беше претставен како нов играч на Реал Мадрид и тоа пред пвоеќе од 85.000 гледачи кои платиле карти да дојдат на настанот. Мбапе им се заблагодари, кажа како го остварил сонот и во еден момент ја повтори сцената која ја имаше Кристијано Роналдо во 2009-та на презентација на „Сантијаго Бернабеу“. Уно, дос, трес: Хала Мадрид!

Аргентинците снимени со скандалозна песна, Челси со реакција

Јужноамериканците страствено ги слават победите и траорно ги жалат поразите. Така после големото финале на Копа Америка кое го доби Аргентина против Колумбија со гол на Лаутаро Мартинез во продолженијата, Аргентинците во својот автобус при славјето ја пееле скандалозната песна на сметка на Французите: „Играат за Франција а родителите им се од Ангола. Мајка од Камерун, а татко од Нигерија, а викаат пасошот им бил француски“.

Дончиќ сними реклама за брендот Џордан со песната „Мики Милане“

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ се освежување кое направи револуција во НБА лигата. Ама дечките не се цареви само на терен, туку се оригинални и надвор од паркетот. Добро, кој друг цар до сега ја сместил „Мики Милане“ од Вера Матовиќ во реклама за патиките на Мајкл Џордан, бренд на кој словенечкиот ас е заштитно лице.

Србите наскоро играат против европскиот првак, а имаат и надеж

Раштиманата Србија за која српските медиуми најново пишуваат дека ја напуштил капитенот Тадиќ, ќе се усреќи за едно месец и половина. На 5 септември во Белград и гостува Шпанија во рамките на новата сезона од Лига на нации. Да го повториме вториот дел од насловот.

А дрес за МВП-то?

Никола Јокиќ оствари дабл дабл учинок од 14 поени, 14 скока и 3 асистенции на подготвителниот меч на Србија против Австралија за Олимписките игри, која го загуби 84:73. И баш за него немаше дрес, па економот со спринт се упати во соблекувална.

Ламин Јамал го има голот број 1 на ЕП 2024

УЕФА ја состави листата на топ 10 голови на Европското првенство. На првата позиција е ремек делото на тинејџерот на Шпанија, кој блесна во полуфиналето против Франција.

Германската полиција немала многу работа на Еуро 2024

Министерството за внатрешни работи на Германија соопштило дека за време на Европското првенство летово имале помалку работа отколку што се очекувало.

Македонија во фокусот на ЕХФ со дрзок проектил од место

Пет одиграни натпревари, ниту еден пораз за избраниците на Раде Стојановиќ кои на ЕП за играчи до 20 години ја совладаа Романија со 31:26. Нашиот национален тим влезе во втората фаза на првенството во Словенија, каде разигрува за пласман од 9-та до 16-та позиција, откако немаше среќа да се пласира во топ 8. Уживајте во прекрасниот погодок.