Мајсторија со ножички на Боби Фирмино во Саудиска Арабија
Ал Ахли со 1-3 го совлада Ал Сад во саудиската лига. Роберто Фирмино постигна прекрасен гол во 10' минута за израмнување откако домаќините повеле уште во 1' минута на сам старт. После Роџер Ибањез и Ријад Марез ги поставиле конечните 1-3. На клупата за резерви кај тимот на Фирмино бил и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.