Јокиќ: „Се допишував со Дончиќ, тоа е, никој не е сигурен“

Никола Јокиќ одговорил на новинарско прашање за големата и неверојатна трампа на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс.

Како гром од ведро небо одекна веста дека Далас Маверикс изненадно и неочекувано решил да го трампа Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс.

Таа вест ги изненади и самите играчи во НБА.

„Се допишував со него (со Дончиќ), тој не го очекувал тоа секако... Мислам дека сега мора да биде само со семејството, голем трансфер е тоа. Тоа е бизнис, никој тоа не го очекувал, посебно не тој. Никој не е сигурен во лигата, но мислам дека ќе направи добра работа. Тој е играч за голема сцена, имаше во Далас нешто посебно но...“, рекол Јокиќ после победата на Денвер Нагетс над Њу Орлеанс Пеликанс во која забележа нов трипл-дабл учинок.

Лука Дончиќ во моментов е отсутен од паркетот поради повреда, а се очекува да се врати на терен за неколку недели кога ќе дебитира за новиот тим, ЛА Лејкерс чии навивачи едвај чекаат да го видат во жолтиот дрес. 

Маестрална игра и 23-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ сезонава

Гром од ведро небо во НБА: Далас го дава Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс

4 февруари 2025 - 09:09