Денвер Нагетс уште од првата четвртина стекна голема предност, потоа отидоа и до 18+ и позитивата ја одржуваа во тек на цел натпревар.
Никола Јокиќ постигна 27 поени, со 14 скока и 10 асистенции за 36 минути во игра. Притоа имаше и две блокади и по една изгубена и една украдена топка. Од игра Србинот шутираше 9/13, за три поени 1/3 а од слободни фрлања 8/10.
Мајкл Портер Џуниор блескаше со 36 поени и седум поени, а одлична вечер имаше и Џамал Мареј со 20 поени, 8 асистенции и пет скока. Двоцифрени беа уште и Зак Наџи со 12 поени и Кристијан Браун со 11.
Кај „пеликаните“ стрелец број еден беше Треј Марфи со 41 поен, Си-Џеј Меколум додаде 30 поени со шест скока и пет асистенции а Зајон Вилијамсон 14 поени со шест скока и пет асистенции.
Денвер Нагетс во моментов има 31 победа и 19 порази а Њу Орлеанс Пеликанс е претпоследен со 12 триумфи и дури 38 загубени средби.