Таткото на Дончиќ: Лука не заслужи вакво лицемерие, играше 100 меча по 40 минути

Во гостување за словенечна Арена спорт, Саша Дончиќ има забелешки кон Далас Маверикс поради начинот на кој бил трејдуван неговиот син. Тој е разочаран од третманот и критиките упатени кон Лука во заминување.

„Разбирам дека доаѓа момент кога не се согласувате со одредена филозофија. Не ви се допаѓа овој или оној играч, добро, разбирам. Но мислам дека токму оваа тајност или треба да кажам од некои поединци, можеби дури и лицемерие, ме боли лично затоа што мислам дека Лука апсолутно не го заслужува ова. Со оглед на фактот дека се жртвуваше енормно. Лука го почитуваше целиот град, им помагаше на деца. Никогаш не му било проблем да оди во болници и во сиропиталишта и на сите овие добротворни настани. Една личност вели дека дека не бил доволно фит, а има изиграно 100 натпревари, практично 40 минути со двајца тројца константно кои го чуваа. Тој беше тепан и некој да зборува такви работи за него. Мислам дека ова е многу неправедно од одредени поединци. Го тргувате, стоите зад своите постапки, но не барајте изговори или алиби“.

Лука Дончиќ се збогуваше со Далас

 

3 февруари 2025 - 08:22