Лука Дончиќ се збогуваше со Далас

Кошаркарскиот земјотрес е официјализиран. Лос Анџелес Лејкерс објави слика со словенечката ѕвезда, која со збогува со Далас Маверикс преку социјалните мрежи.

На четири дена до крајот на преодениот рок во НБА, реализиран е еден од најспектакуларните трејдови во поновата историја.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. 

Во замена, Далас ќе ги добие Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година.

Дончиќ го напушта Далас Маверикс после седум години и станува член на еден од најпопуларните клубови во НБА, каде ќе му биде соиграч на Леброн Џејмс.

„Пред седум години, дојдов тука како тинејџер за да си го остварам сонот да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и сакав да го освојам прстенот. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте се повеќе од тоа што можев да сонувам. За младо момче од Словенија, кое првпат дојде во САД, направивте сè за во Тексас да се чувствувам како дома. И во добри и во лоши моменти и повреди во НБА финалиња, вашата поддршка никогаш не се промени“, стои во дел од благодарноста на Дончиќ.

Лејкерси на својот Инстаграм профил го потврдија трејдот на Дончиќ.

Тој сè уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб и откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Los Angeles Lakers (@lakers)

3 февруари 2025 - 07:45