Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Новиот дом на Рома за 2027-ма изгледа импресивно

Извршниот директор на Рома, Лина Солуку го претставни новиот голем проект на клубот, а тоа е нов стадион со футуристички дизајн, со капацитет од 55 до 62 илјади седишта. кој го планираат за 2027 година.

Има право да се начука, освои Џиро д’Италија и Тур де Франс

Историјата за словенечниот велосипедизам и спорт воопшто беше прославена достојно во центарот на Љубљана. На бината се појави херојот Тадеј Погачар кој стана прв велосипедист во 21 век, кој во иста година успеал да ги освои двете најголеми трки, Џиро д’Италија и Тур де Дранс. Ама пивнал. Епа ќе пивне. Заслужил дечкото.

Мега спектакл во Париз, Ѓоковиќ vs Надал

Ждрепката на Олимписките игри во тенис, не можеше да биде попривлечна за неутралната публика, а понесреќна за Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Едниот од нив двајца ќе мора порано да ги пакува куферите.

Моќни кадри од аеродромот во Париз од бандата која тешко дека некој ќе ја победи

Србија, Јужен Судан и Порторико им се противници на Американците на Олимписките игри. Не мора да го гледаат клипот од нивното пристигнување.

Првиот ограбен олимпиец

Кражбата не е направена во Париз, туку во Брисел, а ограбен е австралискиот шампион во BMX, Логан Мартин, кој освои златен медал во Токио 2020. Го ограбиле додека бил таму на подготовки. Имал голема среќа што велосипедите не биле во обиеното комбе, па крадците му го украле новчаникот, ранецот и уште неколку работи како како на пример сок кој го испиле на лице место. Дел од клупата пронашле во парк, како на пример шлем, ракавици, маса за масажа и други предмети.

Спировски за Струга го има голот на колото во Конференциска лига

По елиминацијата од Слован Братислава во квалификациите за ЛШ, Струга Трим Лул продолжи во квалификациите од КЛ каде на првиот меч го совлада Пјуник од Ерменија со 2:1. Стефан Спировски кој одигра 55 меча за Македонија, ја опали ептен поштено и стави точка на мечот.

До кај нас во канцеларија се слушна како пукна

Не знаеш дали е погласен звукот на стативата или на публиката. Замислете ова да влезеше во гол пречка. Дупка ќе направеше во земја. Топ над сите топови.

Олимписки циркуз во Париз, ВАР и поништи гол на Аргентина после 2 часа

Аргентина израмни на 2:2 и избегна пораз во 106 минута против Мароко на првиот фудбалскиот натпревар на Олимписките игри. На ваква објава налетавме во некои наши портали, ама баталете ја, бидејќи не е точна поради најзадоцнетата ВАР реакција во историјата.

Емотивна разделба на Начо со Реал Мадрид

Бекот на Реал Мадрид заплака кога му пуштија видео од најубавите моменти и успеси со клубот на кој му беше верен од 10 годишна возраст.

Фудбалер на Партизан доби бесплатен украински рингишпил

Партизан загуби 6:2 од Динамо Киев во 2. квалификациско коло за ЛШ и се соочи со највисокиот меѓународен пораз во последните 40 години. Кутриов и денес има вртоглавици.

Стефан Ристовски еднаш вардарец, засекогаш вардарец

Во најтешките моменти, кога многумина го забораваа, Рики беше тука за Вардар и помагаше. Прво што направија црвено црните кога пристигнаа на Максимир е подарок за Рики, се разбира дрес од Вардар.

Барем успеа ли да му ја земе?

После 24 Гренд слем титули на Ѓоковиќ, 22 на Надал и 20 на Федерер, мислевме дека сè сме виделе во тенисот. Ама не е така. После овој клип имаме гем, сет и меч.

Македонските олимпијци се чекираа во Париз

Олимписката делегација на Македонија пристигна на најмасовниот планетарен спортски собир во друштво на 10.714 спортисти од 206 земји. Нека им е со среќа.

Џеко му го разубави дебито на Мурињо со хет-трик

Во второто квалификациско коло од ЛШ синоќа се одиграа 11 средби. Најефикасни беа: Динамо Киев - Партизан 6:2 и Лугано - Фенербахче 3:4. Мурињо славеше во негов стил.

Нова голеада на Македонците во Шкотска, овој пат со три гола на еден меч

Како што се зголеми македонската колонија во Шкотска, така паѓаат и повеќе голови. Па тек уште Бојан кога ќе пристисне гас.

Јака банана попи Јанис од Никола

Србија беше убедлива во тест мечот против Грција пред Олимписките игри и славеше со 22 поени разлика. Веројатно најатрактивниот момент на мечот е блокадата на Никола Милутиновиќ во дуел со Јанис Антетокумпо.

Го имаме голот на сезоната во женска конкуренција

Запознајте ја Нина Матејиќ ала Роналдо да Лима или Меси, како сакате. Има 19 години, игра за Црвена Ѕвезда, а на младинското Европско првенство изведе ремек дело за селекцијата на Србија против Англија. 

Расистичка кореографија на навивачите на Легија Варшава

Полското фудбалско првенство ја стартуваше новата сезона, а навивачите на Легија Варшава кои се познати по отворените и скандалозни пароли, се истакнаа уште во прво коло.

Графичкиот дизајнер на Феенорд се надмина себе си

Феенорд има ново лого. Мајсторот што го смислил им е врвен, а разликата е очигледна.

Што е со офсајд линијата во Венецуела?

На фудбалот дефинитивно му треба ВАР за да го проверува веќе постоечкиот ВАР. Но во Венецуела имаа други маки. Таму нема ВАР технологија, а во второто коло од првата лига се случи линијата да е во офсајд.

Најдоброто од Јокиќ против Грција

Србите ја темпираат формата пред Париз 2024. По високиот триумф над Јапонија со 19 поени разлика, Грција ја победија со +22. 16 поени, 8 скока и 6 асистенции за МВП-то на сезоната во НБА, кој одлично го разигруваше тимот.

Три пати брату, балканското

Богдан Богдановиќ и брат му на Јанис, Танасис Антетокумпо се поздравија како на слава. Инаку Србите во пријателска пред стартот на Олимписките игри ја добија Грција убедливо со 94:72.

Го најдовме идеалниот спорт за на лето

Одбојка во сала на затворено не е добра идеја. Одбојка на плажа е бетер, поради жешкиот песок. Одбојка на вода? ДА. Инаку идејата се реализираше во Љубљана, по втор пат, а турнирот беше меѓународен и траеше два дена.