18-годишен талент со еврогол го реши дербито Олимпијакос - ПАО

Осумнаесет годишниот Христос Музакитис го реши најголемото грчко дерби Олимпијакос - Панатинаикос во четвртфиналето на грчкиот Куп. Првиот меч на стадионот на ПАО заврши 1-1 а синоќа на реваншот немаше голови сè до 90+4' минута кога малиот Музакитис со прекрасен еврогол го однесе Олимпијакос во полуфинале.

Преку 30.000 навивачи му го скандираа презимето Музакитис по прекрасниот победнички гол:

Во полуфинале на грчкиот Куп ќе играат Астерас Триполис - ОФи и Олимпијакос - АЕК Атина. И двата натпревари ќе бидат со двомеч, со реванш. Првите дуели се закажани на 26-ти февруари а реваншите на 2-ри април.

6 февруари 2025 - 08:21