Нова доминација на Никола Јокиќ со нов трипл-дабл и силно забивање

Српскиот ас одново беше најдобар стрелец бо победата на Денвер Нагетс над Орландо Меџик 112:90 што е петти последователен.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Денвер Нагетс и Орландо Меџик играа неизвесен натпревар до полувреме кога тимот од Колорадо водеше 59:50, а потоа во третиот период предводени од Јокиќ се одлепија и поведоа 28 поени разлика (90:62) после што победникот беше решен.

Никола Јокиќ го запиша својот 24-ти трипл-дабл во сезоната во која досега одигра 46 натпревари. Имаше 28 поени (11/16 од игра, 2/4 тројки), 12 асистенции и 10 скока за 31 минута на паркетот.

Јокиќ воопшто не влегуваше во игра во четвртата четвртина.

Интересно имаше и еден силен продор со залет и атрактивно забивање со две раце што не е вообичаено за неговиот стил на игра. Салата беше воодушевена:

7 февруари 2025 - 09:48