Жоао Феликс со школски гол на дебито за Милан, навивачите во еуфорија
Фудбалерите на Милан ја победија Рома 3:1 и се пласираа во полуфинале на Купот на Италија. Натпреварот го реши Тејму Абрахам со два гола, во 16' и 42' минута кога беше 2-0 за Милан а двата гола ги даде на асистенции на Тео Ернандез. Артјем Довбик ја врати Рома во игра во 54-та минута но во 72-ра нововлезениот Жоао Феликс постигна гол на дебито за Милан на асистенција на исто новодојдениот Мексиканец Сантијаго Хименез.