Италијанската поврзаност и спомените за Коби Брајант

Пет години по неговата смрт, Реџо Емилија се потсеќа на кошаркарската легенда и ја раскажува приказната за двете години поминати во нивниот град. Коби дошол на 11 години, додека татко му бил кошаркар на Реџана.

„Коби реџано засекогаш“. Ова е името на иницијативата што градот Реџо Емилија го избра да се сеќава на еден од своите омилени синови, пет години по неговата смрт на 25 јануари 2020.

Ден посветен на младинската кошарка, со натпревари и турнир. Паролите запишани за Коби и Џана Брајант се наоѓаат на плоштадот во Реџо Емилиа, а го има и во салата каде малиот Мамба играл за време на паузите на татко му Џо во периодот 1989-1991.

За поранешниот шампион на Лејкерси тоа биле години на детство и другарувања кои траат вечно, како што е поврзаноста со Давиде Џудичи, кој дал голем поттик за да се реализираа денот посветен на Коби.

„Пет години подоцна сеќавањето на Кобi Брајант е сè поживо. Верувам дека најдобриот начин да му се оддаде почит е да продолжиме да им ја раскажуваме приказната на најмладите за тоа дете кое стана легенда и кое остана врзано за Реџо. И покрај сите успеси и слава, прстените со Лејкерс и животот на суперѕвезда во Лос Анџелес, Коби секогаш успеваше да одржи нераскинлива врска со нашиот град и пријателите што ги имаше овде“, раскажува Џудичи.

МЕНТАЛИТЕТОТ НА КОБИ

Сеќавањето тече на оние незаборавни времиња поминати рамо до рамо sо младинските тимови на Реџана.

„Коби веќе на 12-13 години размилуваше само на кошарка. По завршувањето на тренинзите обично сите заедно одевме на сладолед или на прошетка во центарот на градот, додека тој остануваше да работи на себе. Се сеќавам кога станавме шампиони и го победивме најлутиот ривал Новелара, Коби ми го граба трофејот од раце затоа што сакаше да биде прв што ќе го подигне. Би рекол дека уште тогаш можеа да се видат првите знаци за тоа што ќе стане „Мамба менталитет“.

ЛЕТНИ СПОМЕНИ

„По неговата прва година со Лејкерс, во летото 1997 се врати во Италија за прв пат и веднаш сакаше да се види со старите пријатели од Реџо. Тогаш организираше средба на сладолед во центарот на градот. За другите да се види Коби во живо беше нешто неверојатно. Но за нас и за него, тоа беше желба за зацврстување на нашите пријателства“.

ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА

„Последен пат се сретнавме во јули 2016 година. Коби беше во Европа на промотивна турнеја на Најк. Беше во Амстердам, па во Милано. Требаше да оди и во Париз, но тој настан се откажа. Коби веднаш предложи: Зошто да не направиме нешто во Реџо?“, се сеќава Џудичи.

„Им кажав на неколку негови пријатели, на поранешни школски другари и соиграчи и тој дојде на игралиштето во центарот на градот, каде се стави на располагање за автограми, фотографирање и интервјуа“.

СРЦЕТО НА КОБИ

„Коби Брајант беше вистинска мултинационална компанија. Патуваше со најмалку 50 луѓе. Но и во тие моменти знаеше да скршне од распоредот на обврски и да седне на човечки муабет“.

Инаку на петгодишнината од неговата смрт, присуствувале и градоначалникот и советничката на спорт кои положиле свеќе пред плочата посветена на Коби и малата Џана. Деца организирани од градинка го украсиле местото со цртежи.

Спомен кој се пренесува од генерација на генерација и кој на овој начин навистина ќе го направи Коби „Реџано засекогаш“.

 

6 февруари 2025 - 13:21