Њукасл пак го реши Арсенал

Њукасл по трет пат го совладува силниот Арсенал кој пред само неколку дена со 5-1 го згроми Манчестер Сити. Сега во полуфинале од Лига Купот на Англија Њукасл пред своите навивачи славеше со ист резултат 2-0 како и на првиот меч во Лондон на „Емирати“ кога беше 0-2. Њукасл поведе во 19' минута преку Марфи а нивниот најдобар играч сезонава Гордон постигна гол за 2-0 во 27-ма минута.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

 

6 февруари 2025 - 08:10