Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Какви два гола даде 16-годишно дете на Хајдук Сплит

Хајдук Сплит го искористи срамниот дебакл на Динамо Загреб кој изгуби 4:1 од Славен Белупо во Копривница (Несторовски стрелец на убав гол за победникот). Сплитскиот клуб со идентичен резултат 4-1 ја совлада Горица после пресврт откако гостите први поведоа во 5' минута. Шест минути подоцна на сцена стапува малиот Бруно Дурдов, 16-годишно дете на Хајдук Сплит кој прво го израмни резултатот со прекрасен погодок а после во 55-та минута режираше пресврт со уште поубав гол.

Панатинаикос и Партизан играа кошарка на необичен олимписки стадион во Атина

На шестиот по ред турнир „Павлос Јанакопулос“ кој се игра во чест на легендарниот претседател на Панатинаикос чиј син сега мошне успешно го води клубот, во финалето играа ПАО и Партизан. Славеа гостите од Белград 75-64 а интересно турнирот се играше на необично место, на култниот олимписки стадион „Панатинаико“ кој е стадион на кој се одржани првите модерни Олимписки Игри.

Динамо Загреб декласиран и од Славен Белупо, супер гол на Несторовски

Бурата во Динамо Загреб не се стишува. По ремито со Ријека (1:1), поразот од Хајдук Сплит дома на „Максимир“ (0:1) и историскиот дебакл 9:2 од Баерн Минхен, „модрите“ претрпеа уште едно историско понижување. Изгубија 4-1 од Славен Белупо во домашното првенство што им е најтежок пораз во историјата од овој противник. Четвртиот гол за домаќините го постигна македонскиот центарфор Илија Несторовски кој даде супер погодок и потврди дека игра во голема форма.

Нено Димитријевиќ со маестрално деби за Милано

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ одигра сјајно на своето деби за италијанскиот гигант Милано. Во полуфиналето на Суперкупот на Италија „манекените“ славеа 73-62.

Само во Африка го има ова

Немаат трева, ниту мрежа, за трибини да не зборуваме. Ама душата им игра фудбал. Генијалци.

Маестрална завршница на подзаборавениот Роки, најдобриот партнер на Пандев

Tомазо Роки е некако подзаборавен лик, но сигурно не и за Горан Пандев со кој перфектно беа воиграни во Лацио и растураа со голови. Налетавме на видео од натпревар против Интер. Погледното му го приемот и завршницата. Чиста 10-ка. Жулио Цезар брани.

Во топ 5 голови во ЛШ има и битолска мајсторија

ЕХФ ја спакува листата на 5 најатрактивни погодоци од 2. коло во ЛШ. Две се од салата Боро Чурлевски. Шраубата на Усам Хосни од Еурофарм Пелистер е на позицијата број 4, а второто место е на Матијас Гидсел од Фуксе Берлин, кој се крена високо и испука прекрасен проектил.

Состојбата на стадионот на Клуб Бриж

Другпат пред да се исмеваме со состојбата на македонските стадиони и да ликуваме на таму некои други, да погледнеме како изгледа еден тоалет на стадионот на Клуб Бриж, „Јан Бредел“ во Белгија. Претставник на Белгија во Лига на шампиони. Во 1. коло играше со Борусија Дортмунд дома и загуби 0:4. Некој германски навивач ги прашал на Твитер „дали не им е срам од клозетиве“?

Новак раскажува како француски пензионери го растуриле 5:0

Ѓоковиќ се обидел да игра „Real tennis“ или по нашки „вистински тенис“, старт спорт со векови. Им признал дека му е прв пат и ништо не било исто од тенисот во кој е број 1 со 24 Гренд слемови.

Секоја маалска екипа има некој ваков мајстор

Колку пати ви се случило да видите ваква дискрапанца, некој дебел фудбалер да има врвен осет за фудбал? Примете го додавањето на самиот почеток на старт на видеото.

Најлудите две одбрани во Лига на шампиони

Аталанта и Арсенал одиграа меч со многу шанси но без голови. Најголема прилика имаа домашните фудбалери во 50’ минута кога добија пенал. Центарфорот Ретеги изведе а шпанскиот голман од Арсенал Давид Раја му ги одбрани на два пати спектакуларно и пеналот и одбиената.

Со Милер на патос легнуваат играчите од смеа

Легендата на Баерн се сопна од белата трака поставена на тревата и толку од тренингот. Сите фатија да се смејат, од играчи од тренерот Компани. Томас на крај дури и рече дека ова ќе биде клип на месецот, печен за кликови.

Број 1 тениска мангупарија на мрежа

Корентан Муте на турнир во Хангжу, Кина го победи Карбалјес Баена. Натпреварот ни донесе егзибициски, храбар и многу ризичен потег. Tотално луда завршница, невидена до сега на мрежа.

Виктор мајсторе и во редакција останавме збунети

Со двата гола на Вирц, еден на Грималдо и еден автогол, германскиот првак Баер Леверкузен го потопи Феенорд и тоа уште во прво ги постави конечните 0:4. Виктор Бонифејс се истакна со нереален пас. Велемајсториште.

Маестралниот гол на Кокчу за Бенфика на Маракана

Бенфика го преброди тешкото гостување на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград и со 1-2 ја совлада Црвена звезда. Гостите од Португалија славеа со два гола на турските интернационалци, Керем Актуркоглу и Оркан Кокџу.Покрај двата погодоци Бенфика немаше други шанси, а домаќинот стигна до само еден гол за да го ублажи поразот.

Мајкл Џордан на Монако - Барселона

Што да гледаш попрво на стадиониот „Луј 2“ во Монте Карло, Лига на шампиони, Монако - Барса или иконата на кошарката, Мајкл Џордан? Погледнете ја оваа неповторлива фаца која зрачи со енергија и 6 прстени со Чикаго поради кои останувавме без спиење. Фрчеа телефони, слики, селфија, автограми.

Навивачи на Чаир му се сипаа со боксови на капитенот на ТФТ

Не бе, не нè бива. И на пријателска очи ќе си извадиме. Ама тоа е кога постојат идиоти од навивачи кои ја уништија пријателската меѓу ТФТ и Чаир 2030 и испратија лоша порака до младината за тоа како НЕ  треба да се води навивачка трибина. Тренерите и на двете екипи се обидувале да ја смират тензијата, ама џабе. Нападнат е капитенот на ТФТ, Едис Нури и тоа дрско со боксови од страна на неколку бараби.

Барселона поразена со играч помалку, Атлетико до цел плен во последни секунди

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 2-1 го совладаа РБ Лајпциг со гол во последните моменти од мечот на стоперот Хозе Марија Хименез. Елиф Елмас доби прилика во самиот финиш и одигра десетина минути. Барселона цели 80 минути играше со играч помалку и изгуби 2-1 од Монако.

Добро, нормално ли е некој да има ваков ракометен скок шут?

Гиорги Цковребадзе (Giorgi Tskhovrebadze) не дека е ракометен џин, има 194 см, туку фората е во неговиот мега одраз со кој главите на противниците му доаѓаат до пупак. Игра за Гумерзбах од Германија, а член е на селекцијата на Грузија. Има 23 години и е десен бек со кој тешко се излегува на крај.

Има ли навивач на Ман.Јунајтед кој не би платил за местово?

Прво правиш здраво живо со Ван Нистелрој, па со Ерик Тен Хаг кој на лице место ти го потпишува дресот, а ако имаш среќа ќе фрлиш и два грама муабет со некој од играчите. Позицијата е ептен ексклузивна, ко на клупа за резерви да си. Па уште и победа од 7:0 гледаш, во Лига Куп против Барнли, кој се одигра во вторникот.

Џејсон Вилијамс има уште од магијата

Во ноември треба да наполни 49 години, а баскет игра со подеднаков шмек како некогаш. На времето беше голема ѕвеза на Сакраменто Кингс, играше уште и за Мемфис Гризлис, Мајами Хит и Орландо Меџик. Во 2006-та стана НБА шампион со Мајами на Двејн Вејд. „Сопрете ја таа бела чоколада“ беше фразата која го следеше цела кариера. Страшен техничар!

Интересна сцена на крај меѓу Халанд и Ачерби

Иако има 36 години, Франческо Ачерби успеа да го сопре 12 години помладиот и моќен Ерлинг Халанд. Се помајтапија на крај. Халанд: „Знам дека ми го сакаш дресот, постојано ми го тегнеше во игра“. Ачерби: „Два сакам“. Халанд: „Два? Абе оди еби се“.

Го виде ли некој најјакото зига-зага?

Германските клупски навивачи се број 1 во Европа по многу параметри. Најмногу по бројноста на гостувања каде одат и по десетина илјади. Во вторникот во Мадрид на меч со Реал дошле околу 10.000 навивачи на Штутгарт. Сите во црвено, стокмени, скоцкани под конец.

Црвена звезда и Бенфика точно на ист датум имаат одиграно луд меч во Белград

Вечерва од 18:45 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ќе се одигра дуелот меѓу Црвена звезда и Бенфика во рамки од 1. коло на Лига на шампиони. Овие два ривали последен пат се сретнале во 1/16-финале на некогашниот Куп на европски шампиони и одиграле луд натпревар.