Миовски против Велс ќе игра со специјални копачки

Македонскиот напаѓач вечерва на Градски ќе настапи со копачки во боите на Македонија и иницијалите на неговото семејство, а во чест на семејствата од црниот ден во Кочани.

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување.

Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:

„Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.

Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто - моето национално знаме и иницијалите на моето семејство..

На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства.

Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, напиша Миовски

25 март 2025 - 11:59