Offside

Експериментот со офсајд правилото на Венгер се смета за неуспешен и се очекува наскоро да биде официјално отфрлен. 

Бомбата од 10 метри која ја искина мрежата на Пелистер

Дваесет и седум годишниот украински среден бек Дмитри Хориха постигна страшен гол од десетина метри во последните секунди од големото дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 за победа на гостите од Скопје 35-34. Претходно вардардци водеа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено триумфираа. Во самиот финиш резултатот беше нерешен но Дмитро Хориха се издигна како див и го совлада Николче Митревски.

Вардар јуначки до маестрална победа во Битола!

Во историско дерби, веројатно пресудно за шампионската титула во македонската Суперлига, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер на гости во преполна сала во Битола 35:34!

Ултрас бељаџика на денот

Таа е навивачка на Болтон, а тие на Линколн. Ама овие на Линколн не гледаа баш фудбал.

Роналдо крка просечна македонска плата во една минута

До средината на 2025 година, нето вредноста на Роналдо се предвидува дека ќе достигне 1,24 милијарди долари. Што значи Георгина ако сака може да кива во пари. Над пола милион евра дневно му даваат според најновиот договор до крај на јуни следната година. Претеризам.

70 години Сафет Сушиќ, Папата од Сараево кој ги скара Интер и Торино

Тој еден од великаните на последната репрезентација на Југославија пред војната. Дел од постарите го сметаат и за најдобар, а истото го тврди и Дејо Геније. Потпиша и за Интер и Торино, се вмеша и Рома, но на крај победи ПСЖ.

Судењето на Лука Дончиќ во судница со обвинител

Брендот Џордан од неодамна е во партнерство со еден од најдобрите кошаркари на светот Лука Дончиќ. Откако дојде во ЛА Лејкерс по шокантен сеизмички трансфер од Далас Маверикс, Дончиќ е главна ѕвезда во новиот тим и најатрактивен играч за сите светски медиуми. Сега брендот Џордан снимил јака реклама за нивната соработка.

Крај на една убава бајка - Џејми Варди го напушта Лестер после 13 години

Една од најголемите клупски легенди на Лестер и творец на шампионското чудо во 2016-та година, 38-годишниот Џејми Варди по крајот на сезоната ќе ги напушти „лисиците“, соопшти клубот денес.

Најк со преубаво видео го врати ретро дресот на Холандија

Гигантот за производство на спортска опрема Најк повторно го сошил дресот Тотал 90 на Холандија во кој „лалињата“ играа на Еуро 2004. Едгар Давидс, Руд Ван Нистелрој, Робен дете итн.

Кога на Шпанци ќе им се падне гостување на Балкан

Кошаркарите на ПАОК не играат во сала како Ѕвезда и Партизан, кои имаат поддршка како на стадион. Нивната арена собира 8.000 навивачи. Ама како да не им честита човек за атмосферата што ја прават. Ова е лудо. Како во котел. Снимката е од синоќешното финале против Билбао во ФИБА Европа Купот.

Наскоро излегува документарецот на Нетфликс за Винисиус

Како што самиот Бразилец од Реал Мадрид вели, сакал да тргне по стапките на своите идоли Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, па и за него да се сними документарка за Нетфликс. И желбата му се остварила. На 15-ти мај ќе се прикаже премиерно документарецот насловен „Baila, Vini“ (Танцувај Вини). 24-годишниот ѕвезден фудбалер ќе раскаже за своите почетоци.

Олимпијакос со час по кошарка за Реал Мадрид, Монако за Барселона

Успеа Реал Мадрид некако едвај да се протне до Топ8 во Евролига и покрај поразот од Париз во доигрувањето, ја искористи втората шанса против Баерн Минхен, ама сега налета на екипата која е главен фаворит за титулата. Олимпијакос.

Како Куртоа го спаси Реал

По минималниот триумф на Барселона над Мајорка и Реал Мадрид беше под голем притисок да мора да победи на гостување во мадридското предградие. И победи. Ама таму налета на тврд орев. Хетафе имаше 20 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а сите 6 ги одбрани Тибо Куртоа од кои 5 беа удари од самиот шеснаесетник. На крај заслужено највисока оцена доби белгискиот голман и признание за играч на мечот. Победничкиот гол за триумф 0-1 го даде Турчинот Арда Ѓулер.

Пенал без залет, нема поглупа работа

Либертад од Парагвај загуби дома од Сао Паоло со 0:2. Има и зошто. Вака не се шутира пенал ни на тренинг.

Лука Јовиќ го потопи Интер и го остави без сон за тројна круна

Чекаше, чекаше долго време српскиот репрезентативец и конечно дочека своја шанса. Тренерот на Милан Серџо Консеисао почна да има повеќе доверба во Лука Јовиќ а тој му врати со два гола во големото градско дерби, и тоа во полуфинале на Куп на Италија каде росонерите го згромија Интер со 0-3.

Емирати одамна не видел таков гол како синоќа

Во прекрасно мало градско дерби Арсенал и Кристал Палас постигнаа 4 гола и поделија по бод. Арсенал водеше 1-0, па 2-1 и на крај Французинот Жан-Филип Матета во 83-та минута постигна прекрасен еврогол со лоб. Сега на табелата во Премиер лига Ливерпул е прв со 79 бода, 12 повеќе од Арсенал но и натпревар помалку имаат црвените кои наскоро би можеле да ја осигураат новата шампионска титула.

Голчиште на Ѓулер, Реал ја следи резултатски Барса

Како први, така други. Само еден ден по триумфот на Барселона над Мајорка од 1:0 и фудбалерите на Реал Мадрид славеа со идентичен резултат. Хетафе на гости го реши Арда Ѓулер со убав гол. Разликата останува на 4 бода. Во сабота е финалето во Копа дел Реј меѓу Барса и Реал со почеток од 22 часот.

Сезоната на Тотенхем во едно видео

Не е само Манчестер Јунајтед мизерија оваа сезона, туку уште една екипа, а тоа е Тотенхем, кој следна европските купови ќе ги гледа на тв. 18 порази имаат во Премиер лига и во моментов се на 16-то место со 37 бода. Погледнете колку се синхронизирани во напад.

„Во кошарката најважна е логиката, Јокиќ не се движи, ама е гениј и доминира“

„Со кошарка се заразив откако гледав како Југославија ја победува Бугарија, најмногу благодарение на Иво Данеу. Можеби сум малку пристрасен, но кошаркарската супериорност на луѓето од екс Југославија доаѓа од неколку фактори. На прво место е карактерот. Тие се горди, не поднесуваат некој да си игра мајтап со нив“. 

Страшниот гол на Орсолини против Интер кој ја разгоре борбата за скудето

Дваесет и осум годишниот повремен италијански репрезентативец Рикардо Орсолини постигна прекрасен гол за Болоња во 90+4' минута против Интер за триумф од 1:0. На овој начин Наполи се израмни бодовно со Интер на врвот, имаат по 71 бод и до крајот ќе следува голема борба за скудетото. Има уште 5 кола до крајот. 

Паненката за која зборува цел Балкан

Авторот на славниот удар од пенал се вика Антотин Паненка, кој му го демонстрираше на светот во 1976-та и тоа во финале на ЕП против Германија. Го изведе во последната пенал серија за победа на Чехословачка која стана Европски првак. Ама сега заборавете на таа историја и погледнете што искомбинираа царевиве.

Бизарната поврзаност на клубот Авелино со смртта на Папите

Фудбалскиот клуб Авелино 1912 од јужна Италија повторно се најде меѓу ударните вести од светот на фудбалот, не само поради долгоочекуваниот пласман од трета во втора италијанска лига Серија Б, туку и поради една необична мистерија.

Најлудите навивачи во Италија прославија пласман во Серија Б

Ако Југот на Италија се смета за жесток, гласен и немирен, претпоставете какви се навивачите на Авелино кои таму ги сметаат за најнезгодни. Фудбалскиот клуб Авелино после цели 7 години конечно се враќа од трета лига Серија Ц во втора лига Серија Б. Навивачите го прославиле пласманот на градскиот плоштад заедно со играчите. Била голема фешта па некои со право се прашуваат што ли ќе биде ако еден ден се пласираат во Серија А или во еврокупови?!