Offside

Ракометот во Македонија е фамилијарна традиција. Цели семејства одат на натпревари, а страста и талентот за играње често пати се наследува од колено на колено. На пример кај Манаскови прв почна Пепи, а потоа продолжија неговите синови Дејан и Мартин.

Фотографии кои треба да се закачат во секое училиште во Македонија

Тоа се луѓе кои, секој на свој начин му пркосеа на синдромот на ниска вредност и ја понесоа својата група во величините.

Ги броеше ли пивата бе младичу?

И на трезно е ризично човек да се прекачува по трибини, а не па во ваква состојба. Ова е навивач на Лидс, кој од што е пијан, како да не го осеќа ударот на левата страна од главата, директ во ограда.

Мини Јокиќ снимен во Србија

Никола Јокиќ во НБА замина пред нешто помалку од 10 години и стигна до титула и МВП признанија, без разлика на минатото со бурек и кока кола. Пазете го ова буцко, поголемо од своите врсници и веројатно со истата исхрана. Води топка и тоа самоуверено, трча, додава мангупски, прави офанзивен скок и сам го решава нападот.

Голема судиска грешка го потпомогна Интер

Само три дена откако Фиорентина со 3-0 го испраши Интер во преиграниот натпревар откако претходниот беше прекинат на 1-ви декември, синоќа овие два тима повторно се сретнаа меѓу себе. Овојпат на „Џузепе Меаца“ славеше Интер 2-1 со головите на Понграчиќ (автогол) и Марко Арнаутовиќ. Едниот погодок на Интер беше постигнат после корнер кој беше досуден откако топката претходно речиси пола метар беше во гол-аут но судиите направија голем привид.

Еден од најјаките топови во ЛШ

Дојде вторник, време е за првите плејоф битки во Лига на шампиони. Во тој контекст ќе потсетиме на едно ремек дело старо точно 20 години од средбата меѓу Интер и Порто. Се сеќава ли некој каков проектил испука Хуго Алмеида на Џузепе Меаца?

Почеток на нова ера, Дончиќ заигра за Лејкерс а се загреа со Ана Бекута

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ заигра за својот нов тим, трофејниот ЛА Лејкерс. Дебитираше против Јута Џез во триумфот на „езерџиите“ 132:113.

40 поени на Никола Јокиќ, Денвер е во страшна форма

Денвер Нагетс убедливо го растури Портланд Трејлблејзерс со 146:117 и ја забележаа седмата победа по ред што е серија каква што имаа само во шампионската сезона.

Еден од најјаките поени во тенисот е дело на Федерер

Роџер Федерер vs Енди Родик, Базел 2002. Швајцарецот тука има 21 година, а коментаторот само кратко искоментира: Неверојатно, но вистинито.

Круша под круша паѓа, син му на Рекоба во негов стил

Синоќа во главниот град на Уругвај, Монтевидео, се одиграло градското дерби меѓу Насионал и Пењарол. Мечот завршил 1-1 а израмнувачки гол за домашните дал Херемиа Рекоба, синот на легендарниот фудбалер на Интер Алваро Рекоба. Херемиа Рекоба има 21 година, роден е во италијански Комо. Игра во средниот ред. Почнал да тренира во Данубио а од 2021-ва е во Насионал Монтевидео.

Мајкл Џордан од Водно Санс, македонска втора лига

Ни тргна денес со кошарка, односно со маестрални забивања на наши деца. Прво имавме можност да се насладиме со Борјан Китановски кој имаше нешто да им покаже на Американците, а сега го имаме Стефан Стојковиќ со скроз луда НБА завршница. Соиграчите се држеа за глава. Се работи за македонскиот второлигаш Водно Санс Партизан. Многу јако забивање.

Лука Дончиќ од мал сакал само кошарка

Таткото на Лука Дончиќ, Саша Дончиќ е редовен гостин кај својот син во САД и често ги гледа натпреварите од прв ред. Тој уште одамна, со оглед на тоа што и самиот бил кошаркар, му ја всадил љубовта према баскетот на Лука.

Нека гледа земја Америка какво дете имаме

Во кошаркарска земја како САД, не ти треба Американец да за видиш атрактивно забивање. Туку треба нашинец да пратиш и тоа уште во средно. Борјан Китановски ladies and gentlemen, на само 17 години.

Лина раскажува за мега македонската поддршка која ја доживеала на Австралија опен

Нашата најафирмирана тенисерка Лина Ѓорчевска оди да се натпреварува на Гренд слемот во Мелбурн. „Ќе дојде да те гледа една моја пријателка“ и рекла мајка ми. Да чуеме во што се претворило тоа.

Џуд пцуе, до камера се слуша

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам на дербито Реал Мадрид - Атлетико Мадрид после еден аут за ривалот, пцуеше по линискиот судија. Се слушна во камерите.

Мурињо е најјак, качи навивач на Фенербахче во автобус кој трчаше по нив

Фенербахче славеше 0:2 на гостувањето против Аланијаспор. Додека цел тим беше во клупскиот автобус, навивач трчаше покрај нив. Жозе како Жозе е роден за уникатни потези, па му рекол на возачот да застане, за да го пуштат внатре. Со сите играчи имаше можност да се слика или да се поздрави. Се разбира почнувајќи од славниот тренер. Остај друго, него и на вечера го викнал.

Уникатна мајсторија на Удинезе во Неапол

Наполитанците како лидери на табела кикснаа против Удинезе (1:1). Резултатот го отвори Мектоминеј во 37 минута, а само 3 минути подоцна Холанѓанецот Јирген Екеленкамп ги збуни сите со начинот на кој го израмни резултатот. Чуден удар кој личи на сув лист од необична позиција.

Филаделфија го растури Канзас и го освои СуперБоул

Екипата на Филаделфија иглс две години чекаше реванш и го дочека, а со тоа не му дозволи на Канзас Сити да станат прва екипа во историјата со три шампионски титули во НФЛ по ред.

Нов голем циркус во турскиот фудбал, Адана Демирспор напушти терен со Галатасарај

Нов голем скандал во турскиот фудбал. Синоќа на мечот Галатасарај - Адана Демирспор во 34' минута, гостите решија да го напуштат натпреварот и да заминат откако судијата досуди крајно сомнителен пенал за домашните кој во гол во претвори новајлијата Алваро Мората.

Епа така е тоа кога сакате студио на сред трибини

За време на полувремето од дуелот Астон Вила - Тотенхем во ФА Купот кој домаќините го добија 2-1, некои гостински навивач чукал на стаклото од студиото во кое како стручни аналитичари биле Дион Даблин, Џермејн Дефо, Џо Харт и водителот Марк Чепмен. „Др**џии“! им вика натрапникот а Даблин вика: „Ќе го исфрлам надвор на пауза“, а водителот додава: „И да го исфрлиш, јас ќе бидам позади тебе“.

Патики на Коби Брајант продадени за 660.000 долари

Еден пар патики од легендарниот кошаркарски ас Коби Брајант кој ги носел на натпревар на кој ја повреди Ахиловата тетива во 2013-та, сега се продадени на аукција за повеќе од пола милион долари.

Исправи се бе

Варен Бондо од Монца е едно од најновите засилувања на Милан. Златан уште на презентацијата пред новинарите, почна да го учи на некои работи.

Бернабеу го испрати Марсело во пензија со целосен респект

После двете сезони во Олимпијакос и Флуминенсе, 36 годишната бразилска легенда реши да ги закачи копачките на клинец. Зад името Марсело ќе останат запишани 16 сезони, 721 натпревар, 58 гола, 117 асистенции, 25 трофеи, сето ова во дресот на Реал Мадрид. Тој беше гостин на градското дерби во Мадрид, каде доби овации од публиката, како и урамнет дрес од клубот. Си се поклонија со Модриќ еден со друг.

Ечи „Македонско девојче“ на НБА натпревар

19.000 гледачи присутни на мечот меѓу Филаделфија и Детроит имаа можност да ја чујат легендарната песна „Македонско девојче“. Повод беше одбележување вечер на македонското културно наследство организирана од нашата дијаспора, а настап имаше Културно уметичкото друштво „Танец“.

Шок за Ливерпул во ФА Купот, испадна од последниот второлигаш

Лидерот во Премиер лига и една од најсилните екипи сезонава, Ливерпул, се посрамоти попладнево во англискиот ФА Куп. Изгубија на гостински терен од најслабиот, последно пласираниот тим во втората лига Чемпионшип, Плимут.