Offside

Извесен Франтишек Ваврек и неговиот син Денис кој полнел 18 години, обајцата облечени во дресови на Реал Мадрид, платиле 2.800 евра за влезници во првите редови до теренот на една од трибините на „Камп Ноу“ за големото Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид. Ги протерале зошто го прославиле голот на Мбапе.

Лежел во самица во Узбекистан, а вчера го победи Надал

Во последните неколку години, Лукас Пуј кој на 23 февруари наполни 22 години постојано се искачува на ранг листата, но забележителни резултати почна да покажува сезонава. Синоќа Рафа не успеа да го победи Французинот ни со крајни напори.

Со ваква младина сè е полесно

Не мора секогаш Реал Мадрид да извади 50, 80 или 100 милиони евра за класа играч. Таков може да има и за 5 милиони евра, купен летово од Парагвај кој во моментов е дел од У20. Со голот на тинејџерот, 11 кратниот Европски првак се пофали на официјалниот профил на Инстаграм.

Вака почна сè

Со силен ветер и дожд од голови почна натпреварувањето кое со нетрпение чекаме да почне овој месец. До 1992 година познато како Куп на Европски шампиони, а потоа Лига на шампиони. Актери беа Спортинг Лисабон и Партизан.

Претседателката на Хапоел што оди на гостувања со навивачите

Алона Баркат, газдарицата на израелскиот клуб Хапоел Бер Шева, им ја донесе титулата на навивачите која што ја чекале од 1975/1976 и ја прекина доминацијата на Макаби Тел Авив.

Понекогаш е подобро дрво место голман да ставиш

Тунис со 4-1 ја совлада Либерија, а вториот гол на домаќините беше после катастрофалната грешка на гостинскиот голман Џејмс Галеј. Не за џабе викаат добар голман е пола екипа. Исто важи и за дрво од голман.

Пакито Алкасер - идолот на Местаља кој замина на Камп Ноу

Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.

Најубавиот гол во кариерата на Шевченко

Пред 15 години на големото дерби Милан - Јувентус, Шевченко му даде гол на Џиџи Буфон кој уште долго ќе се памети.

Од спасител во аквапарк до англиската репрезентација

По ашкањето на позајмици во разни клубови, Антонио дојде во Вест Хем каде за неговата позиција конкурираа шест фудбалери. Во еден момент сите шестмина биле казнети и повредени, и тој доби шанса од Славен Билиќ, ја искористи и доби повик од Биг Сем во Англија.

Нервозни Полјаци во Казахстан

По 35’ минути игра, репрезентацијата на Полска синоќа водеше 0:2 против Казахстан, но Кижниченко со два гола од 51’ до 58’ минута израмни на 2:2 за изненадување на вечерта. Полјаците не можеа да се помират со тоа, па лактаа и удираа.

Средба на Ди Канио и Винтербурн по 18 години

На дуелот меѓу Хилсброу и Арсенал во 1998-ма Најџел Винтербурн и Паоло Ди Канио го направија еден од најпознатите инциденти во Премиер лигата. Еве ги повторно на дуелот меѓу легендите на Арсенал и Милан, ама со симулација на истата сцена.

Кошаркарите убедливо поразени од Велика Британија

И покрај солидната поддршка во Лондон, македонската кошаркарска репрезентација не одигра на потребното ниво и загуби со 96-79 на мечот од второто коло во квалификациите за Евробаскетот 2017.

Најдраматичните моменти на гол линија

Карамбол или хичкок ситуации пред головите во МЛС лигта во кои тие што се обидуваат да дадат гол излегуваат лузери.

Телефонскиот повик по кој повеќе ништо не беше исто со Адриано

Играа заедно за Интер шест сезони 2001/2002 и потоа од 2004-та до 2009-та. Се радуваа на 4 Скудета, но и ден денес Занети се кае што не успеал да му помогне кога се соочил со најголемата криза во кариерата.

Кој ли ќе ги спречи?

Тоа што решија да се поздрават со најпосакуваниот плејмејкер во светот не менува многу кај Јувентус, коj со овие 22-ца сигурно делува најсилен во Серија А и е спремен да оди на ново шесто Скудето по ред, што би било рекорд.

Карлес Пујол, најголемиот борец за Барса на сите времиња

Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.

Пет трансфери од летово, полни со анегдоти

Монако одби 38 милиони евра за тинејџер, Куман сакаше да му честита на играч кој го откачи неговиот клуб, а Бентеке не знае кај тера. Оваа сезона се случи кам бек на играч со можеби најдолгата пауза поради повреда.

Првиот баскет во Македонија се тапкал во Штип

Минатата сабота во градот под Исарот се навршија точно 83 години од одигрувањето на првиот кошаркарски натпревар во Македонија. Се презентираше и планот за изградба на споменик во чест на првата средба.

Македонскиот фудбалски бисер блесна во кампот на Барселона

Головите ги прославува како Кристијано Роналдо, а стручњаците од летниот камп на Барселона го споредуваат со Нејмар како мал. Ренато гази напред и летово се издвои во конкуренција на 110 деца од цела Европа.

Новиот змеј од Бразил

Габриел Џезус е новото чудо од бразилскиот фудбал. Роден е на 3. април 1997 година, игра за Палмеираш, но од јануари следната година ќе стане член на Манчестер Сити. Беше главен во освојувањето на Олимписките Игри со Бразил, а синоќа на дебито за сениорскиот состав даде два гола против Еквадор на гостински терен, во квалификациите за СП 2018 во Русија.

Најголемата будалетинка во Серија А

Ако не сте гледале видеа со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, а ве интересира како се глупира, да гледате, ги има по нетов. Во најновата епизода со него новинарка го чека за изјава, а тој: