Кариерата на Адријано практично и како да заврши кога си замина од Интер бидејќи потоа целосно се изгуби од печатот и со исклучок на солидната сезона во Фламенго, обидите да се врати во форма во Рома, Коринтијас и Атлетико Паранаенсе му беа јалови и целосно безуспешни. Причините за неговиот пад најсликовито ги опишува Хавиер Занети кој се плашел дека ќе заврши, баш така како што заврши, ганстерски.
„Игравме пријателски натпревар против Реал Мадрид на кој даде извонреден гол. Си реков во себе – Хавиер ова е новиот Роналдо. Се поседува, физички е силен, има техника, дриблинг, брзина, шут, игра со глава. Адријано е од Фавела и тоа многу ме плашеше. Добро ги познавам и тоа е беда во Бразил слична како во Аргентина. Ја видов таа опасност и незгодно е кога ќе се збогатиш, а претходно не си имал ништо. Секој ден после тренинг го потпрашував каде ќе оди и што ќе прави. Се плашев да не влезе во некои неволји. Адријано беше многу поврзан со татко му. Пред почетокот на сезоната се случи нешто шокантно. Му се јавија од Бразил да му кажат дека е мртов. Го видов во соба, ја фрли слушалката и почна да вришти. Не можете да замислите каково викање беше тоа. Се ежам кога ќе се сетам на тој момент. Од тој ден со Морати внимававме на него како на помал брат. Во меѓувреме продолжи да игра фудбал, постигнуваше голови и гледаше во небо за да му ги посвети. Од тој телефонски позив повеќе ништо не беше исто“
Иван Кордоба помина една ноќ со него и му рече:
„Адријано, ти си мешавина на Роналдо и Ибрахимовиќ. Свесен ли дека еден ден можеш да станеш најдобар играч на свет?“
„Не успеавме да го тргнеме од депресијата. Тоа е можеби најголемиот пораз во мојата кариера. Уште ме боли многу тој удар што бев немоќен“, раскажува Занети.