Освен во првите десет минути кои македонските кошаркари ги добија со 30:28, останатиот период од мечот е за целосна анализа. Во втората четвртна следуваше драстичен пад во играта, така што Британците го заокружија тој период со 22-13 и на полувремето се замина со 50-41 за домаќинот.
Слабата игра во одбраната каде Британците имаа офанзивни скокови колку што немаа речиси вкупно во претходните три меча беше причина за големата негатива на Македонија.
Во полу-празната „Копер Бокс Арената“ во Лондон, Британија во второто полувреме продолжи да го полни кошот на „Црвено-жолтите“, така што мечот рутински го приведе кон крајот со убедливи 17 поени предност (96-79). Ова беше прва победа за Британија во квалификациите. Во првото коло загубија убедливо од Унгарија во Будимпешта.
Нашите кошаркари сега имаат 1/1 (победа против Луксембург и вечерашниот пораз), така што следниот дуел во среда (7. септември) против Унгарија во салата „Јасмин“ во Кавадарци би можел да биде клучен за понатамошниот тек на квалификациите.
Down 9 going into the 4th, these MKD fans are as passionate as ever! #LetsGoGB #EuroBasket2017 pic.twitter.com/Tc2r213raJ
— The Drop Team (@thedropbball) September 3, 2016