Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Како капитенот на Аталанта со танц го покори YouTube

Од чиста заебанција снимиле песна и спот која стана најголем хит во латинска Америка и Италија. Феноменалниот Аргентинец кој игра за репрезентацијата на својата земја танцува заразно.

Во Јапонија мајмун означи кога почнува мечот

Јапонскиот клуб Черезо Осака реши да ја забавува публиката а воедно и да му направи мерак на еден мајмун да му ја врачи топката на судијата пред мечот со Висел Кобе. Дури и дрес му облекле од екипата.

Мартинс уште постои и уште прави салта

Не веруваме дека многумина од вас му го пратат патот на нигерискиот напаѓач кој се прослави во Интер (2001–2006). Обафеми Мартинс авантурата ја продолжи во Њукасл, Волфсбург, Рубин Казан, Бирминген, Леванте, Сиетл Саундерс и сега е во Шангај Шенхуа каде игра со Тевез, а трене му е Андреш Вилаш Боаш.

Џеферсон Фарфан летал 46.739 километри за три недели

Најдобриот перуански фудбалер Џеферсон Фарфан кој на времето важеше за талент број еден на својата генерација, имал права меѓуконтинентална лудорија деновиве, па човек просто да не верува како е можно да смени толку многу временски зони и континенти.

Несторовски се стреми да го мине Тони и да испише историја со Палермо

Не е лесно да се стигне италијански голгетер од златната генерација на светски шампиони 2006-та, кој ја заврши кариерата со 306 гола, но како тргнал наш Иле, нема да биде чудно ако го мине Тони на листата на стрелци на Палермо.

Кире Лазаров: „Спортот ќе изгуби најмногу ако се отцепи Каталонија“

Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.

БАТЕ Борисов освои титула во 95-та минута

На неверојатен начин, фудбалерите на белорускиот шампион БАТЕ Борисов кој игра во Лига Европа, ја одбранија титулата со гол за 3:3 во 95-та минута од судиското продолжение. 14-та титула по ред за тимот од Борисов.

Фабрицио Миколи - идолот на Палермо кој беше дел од мафијата

И покрај добрите дела што ги прави, тој во меѓувреме ги загубил симпатиите на луѓето од Палермо. Неговите хуманитарни дела и емпатија не биле доволни да ја сочуваат љубовта затоа што во потрага по пријателства и признавање на сомнителни кругови отишол предалеку.

Најубавата сцена викендов во Серија А

Од средбата меѓу Милан и Торино немаше потреба да се гледа хајлатс бидејќи заврши 0:0, но на крајот се случи еден момент за кој зборува цела Италија. Андреа Белоти му го даде дресот на едно дете, инаку навивач на Торино, а неговото име е Матео Бонучи, син на Леонардо Бонучи. Тој навиваше за Торино и кога татко му го носеше дресот на Јуве. Дресот го прими неговиот постар брат Лоренцо Бонучи.

Што ќе се прави со судииве?

Да ја браниш тезата на некои поединци дека судиските грешки се составен дел од фудбалот, не оди, губење бодови се во прашање. Да не воведеш ВАР е водење инат, ама и да го имаш треба исправно да го користиш нели?

Де Роси се изглупира, па се извини

Капитенот на Рома е почитуван во Италија поради многу гестови, но она што го направи минатиот викенд во голема мера му ја расипува репутацијата храбар борец. Се посрамоти.

Гвардиола од што се испобуни, опцу на прес конференција

Му поставуваат прашање на каталонски, одговара на англиски, па сфаќа дека ја утнал и на крај пцуе на англиски. Добро де, човекот си научил добро англиски. плус во Англија работи, како да пцуе.

Сте виделе изведување корнер со надворешен фелш?

Ромуло Отеро од Атлетико Минеиро изгледа дека сам останува на тренинг со саати. За него е исто дали изведува слободен удар или корнер со внатрешен или надворешен фелш.

Скандалозна судиска одлука на штета на Барселона

На дербито на колото во Ла Лига меѓу лидерот Барселона и второпласираната Валенсија во првиот дел немаше голови. Главен виновник за тоа е судијата кој му поништи чист гол како солза на Меси. Во Шпанија нема ВАР, а ова е срамота да не го види ниту еден од судиите.

Херојската одбрана на Штербик со звукот на сирената

На 20 ноември Арпад Штербик наполни 38 години, а брани како да се наоѓа во втора младост. Веќе не се бројат натпреварите на кој беше јуначиште. 13 одбрани во Манхајм. Последната за големиот бод на Вардар му е едноставно закон. Огромна штета што овој човек на крајот на сезоната ќе се поздрави со скопската публика.

Штербик јуначки го спаси Вардар од пораз

Актуелниот европски првак уште еднаш сезонава докажа дека е тешка тврдина за освојување. Вардар игра импресивна сезона во која сè уште останува единствена екипа без пораз во Лига на шампионите.

Дебакл на Металург во последниот меч пред своја публика

Со Лино Червар на трибини и без никакви шанси за продолжување во втората фаза од Лигата на шампионите, Металург одигра натпревар без душа во претпоследното коло од групната фаза и заслужено загуби со 22:30.

Хичкок бундеслигашко дерби со 8 гола

Кам бекот на Севиља со Ливерпул во Лига на шампиони не беше ништо. Пазете денеска што се случуваше во големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. До 25-та минута Милионерите имаа 4:0 и “сигурна“ победа, а од 61-ва до 94-та гостите стигнаа до неверојатен кам бек од 4:4 кој долго ќе се раскажува во Германија.

Гол број 10 за наш Илe во Серија Б

Прилепската гол машина не застанува да ги меле противниците во втората италијанска лига. Следната мета на Илија Несторовски е Авелино со кој Палермо славеше на гости со 0:3. Македонскиот бомбардер го постигна третиот гол на мечот во 77-ма минута, а Палермо се врати на лидерската позиција.

Алиоски растура за Лидс

На Џани одлично му тргна неделава во Чемпионшип лигата. За само седум дена постигна три гола на последните три меча за неговиот тим. Лидс денеска славеше 0:2 на гостувањето против Барнсли со два гола во првиот дел. Македонскиот репрезентативец стрелаше во 45-та минута откако му ја собра топката на својот соиграч и со многу чувство ја пласираше топката од работ на шеснаесетникот.

Со ваква игра на 8 години малиов е печен за голем клуб

Запаметете го името на детево од Аргентина. Се вика Агустин Бутелер, тренира во градот Кордоба, Аргентина и тешко дека уште долго време ќе се задржи таму. Така беше и со Меси. 

Италијанците се неприкосновени во Лига Европа

Трите претставници од Италија во второто по ранг клупско европско натпреварување се непобедливи, што се нема случено во изминативе девет сезони.

Малер на колото за Пежо и 500.000

И Спортлајф во стилот на Моцарт дава подарок кола за најголем погоден коефициент. Ако Лудогорец победеше, Горан од Куманово фино ќе се подновеше.